Кабинетот на Пендаровски: За закон за амнестија се обраќаа лица блиски до опозицијата

Во врска со наводите изнесени на денешната прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ, од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека до претседателот Пендаровски, во текот на оваа година, во два наврати, биле упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари или да поддржи донесување на закон за амнестија на актуелни и поранешни политичари. Тие предлози, преку посредници, до …

Continue Reading

Стоилковски: Пендаровски денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ставовите на претседателот Стево Пендаровски искажани во интервју во однос на амнестија и измените на КЗ потенцираше дека Пендаровски денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија. -Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката …

Continue Reading

Стоилковски: Дали зад договор од 40 милиони евра не е фактор дека Ковачевски и првиот човек на Аитоникс се колеги професори од приватен универзитет во Скопје?

Штом владата и СДС упорно молчат за 40 милиони евра, значи дека се крие нешто големо зад овој скандал, 40 милиони евра во три години за лиценци, толкав договор направи Владата со фирма која што претходно годишно заработувала по речиси половина милион, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. – Дали зад златното доба за Аитоникс не …

Continue Reading

МНР потврди дека тројца руски дипломати се протерани од Македонија

Министерството за надворешни работи ги потврди информациите за протерувањето на руски дипломати од земјава. Како што стои во соопштението, на 12 септември во Министерството за надворешни работи бил повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му била врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Од …

Continue Reading

Тасевска од СДСМ: Кога ќе влеземе во ЕУ платите ќе бидат за 70 до 100 отсто поголеми од сега

Во последните неколку години економските и интеграциските политики на СДСМ донесоа поголеми плати и пензии и економската стабилност во услови на повеќе кризи, рече на денешната прес конференција пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска. Според неа, податоците се особено јасни ако се спореди со времето на ДПМНЕ, кога земјата беше 11 години во изолација и скарана со целиот демократски свет. Стапката …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: За Ковачевски амнестија за перење пари и епски кражби, се несериозни дела

Изјавата на Ковачевски дека измените во кривичниот законик, се однесуваат за дела кои не се сериозни, е крајно потценувачка кон народот и срамен обид за релативизирање на криминалите, кои секојдневно ги прави оваа власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. – Повеќе е од јасно дека со овие срамни измени на кривичниот закон, се цели на амнестија на функционерите од ДУИ и СДС, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Половина месец од скандалот Онкологија, а власта молчи кој печал на болните од рак

Половина месец од скандалот Онкологија, а власта предводена од СДС и ДУИ молчи. Јавноста секој ден само слуша за се помонструозни детали од овој скаландал. Или според информации во јавноста онколошки пациенти кои починале и понатаму се водат на листи за лечење, за оние пак кои се лечат се уште нема дел од потребната терапија и слично. Надлежните, МВР, обвинителството, …

Continue Reading

Захарова: Северна Македонија протера руски дипломати без објаснување, тоа нема да остане без одговор

Властите на Северна Македонија, на 12 септември, без објаснување на причините, прогласија тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“, објави на социјалните мрежи, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Таа овој потег го оцени како неодговорен и непријателски чекор на властите на Северна Македонија и рече дека нема да остане без одговор. …

Continue Reading

Ахмети на средба со Хан: Да го продолжиме патот кон ЕУ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска се сретна со европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан. Соговорниците разговараа за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот како и дијалогот меѓу Косово и Србија. Скрининг процесот се развива според прогнозите, а реформите се континуиран процес. Ахмети зборуваше за Европскиот фронт како итна потреба …

Continue Reading