Левица: Артан Груби е на чекор до слобода
Сè уште нема обвинение против Артан Груби иако ВМРО-ДПМНЕ уште во февруари кажа дека судскиот процес за Груби ќе почне наскоро, обвинија од Левица. „Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани …
Continue Reading
СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност
На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинија од СДСМ. „Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за …
Continue Reading
Влен: ДУИ си ги пере гревовите со Артан
Наместо да добиеме одговор дали Артан Груби ја трампа својата слобода за мрачните тајни на ДУИ, денес сме сведоци на нов обид за пренасочување на вниманието на јавноста. ДУИ крева галама за документите во Владата, а фактите ѝ ја расипуваат приказната. Токму Артан Груби, додека беше прв вицепремиер, потпишувал службени одлуки само на македонски јазик. Потписот му стои таму, црно …
Continue Reading
Евростат ја рангира Македонија пред седум членки на ЕУ според куповната моќ
Најновите податоци на Евростат покажуваат дека Северна Македонија е меѓу земјите кои бележат најголемо подобрување на куповната моќ на граѓаните во Европа. Иако според номиналната минимална плата земјата се наоѓа во долниот дел од европската ранг-листа, сликата значително се менува кога ќе се земе предвид реалната куповна моќ на платите. Според пресметките врз основа на стандардот на куповна моќ (PPS), …
Continue Reading
(Видео) Стојчевски: Во Штип се распродава земјата за бизнис интересите на ВМРО – бараме итно поништување на огласите
Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата, обвини Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „Повторно на мета се познатите штипски ‘Печурки’. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства? …
Continue Reading
(Видео) Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија
Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде …
Continue Reading
(Видео) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира
Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А одговорност од власта досега нема од никого, изјави Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото. Не може цел град да биде отруен, владата …
Continue Reading
(Видео) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати
Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава, вели Кети Штерјова од СДСМ. „Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е …
Continue Reading