ВЛЕН: Расипаната плоча на ДУИ не ја брише одлуката на Груби за казината

„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол“, велат од ВЛЕН. „За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, …

Continue Reading

ЛДП: Заканите кон новинарите се закана за демократијата – институциите мора да реагираат веднаш

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов поради неговото јавно пишување и изразените ставови. „Несогласувањето со нечие мислење никогаш не смее да биде причина за закани, омраза или повици за физичко пресметување. Во демократско општество, на аргументите се одговара со аргументи, а не …

Continue Reading

„Од каде Зоран Заев диктира цени, од Порто Карас или од Санторини“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко замешателство во свесно и намерно држење на ниски откупни цени за да СДС има политички бенефит додека …

Continue Reading

Фрчкоски ја утнал адресата, кривична за водата во Гостивар треба да му поднесе на Филипче, реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на која тој соопшти дека партијата поднела кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Кирил Лазов и директорот на Центарот за јавно здравје – Тетово, Шпенди Амети. Фрчкоски претходно изјави …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Филипче е во паника по инцидентот во Ново Село

Нервозата кај лидерот на СДСМ, Венко Филипче, расте, а раководството не бира начин за политички поен, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција. „Социјалдемократскиот сојуз долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село“, …

Continue Reading

(Видео) Фрчкоски: СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство, Сашко Клековски, и тројца директори

  За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети, соопшти Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту …

Continue Reading

Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена

Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави премиерот, Христијан Мицкоски. „На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ одговори на обвинувањата за знамето: На СДС му смета независноста и сега е против македонското знаме кое два пати го менуваше

На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањето од СДСМ дека на вчерашниот концерт за 35 години независност било погрешено македонското знаме. „Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, …

Continue Reading

Скандалозен оглас на Министерството за култура, се бара советник за култура исклучиво со економски факултет, обвини Левица

Министерството за култура и туризам, среде летната сезона, објавува оглас за вработување на двајца посебни советници во Кабинетот на министерот – еден советник за правни работи и еден советник за култура. Рокот за пријавување е само три дена. Министерството, кое и без тоа располага со 17 државни советници, највисокиот ранг во администрацијата, сега има потреба и од дополнителни кабинетски советници …

Continue Reading