СДСМ: Погрешено македонското знаме на прославата за 35 години независност


utnato-zname-sdsm.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме, обвинија од СДСМ.


„Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат. За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – аматери. Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба“, велат од СДСМ.

Од опозицијата бараат Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже која компанија била ангажирана, кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет, колку пари се потрошени и кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK