Стојаноски: Со законите во енергетиката што се обидува да ги протурка СДСМ на грчка компанија ќе и се даде државна помош од 50 милиони евра

Денес на Комисијата за економски прашања, СДСМ ќе има повторен обид да ги протурка законите за стратешки инвестиции во енергетиката, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Рече дека ова се закони со кои се нанесува децениска штета по енергетскиот сектор на Македонија, а служат само за богатење на најтесното раководство на СДСМ. „Димитар Ковачевски, Миле Зечевиќ и Фатмир Бетиќи го …

Continue Reading

Ново име на листата на ДИК – Гоце Ристов има рок до петок да собере 10.000 потписи во трката за претседател на државата

Нови се појави на листите за собирање потписи во трката за кандидат за претседател на државата. „Денес, до Државната Изборна комисија е доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура за Претседател на Република Северна Македонија, од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата“, велат од ДИК. …

Continue Reading

Битиќи за зголемените цени: Пазарниот инспекорат е секојдневно на терен, се очекува извештајот и соодветно ќе се реагира

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се реагира на несоодветното покачување на цените на прехранбените производи појасни дека Државниот пазарен инспекторат секојдневно е на терен и во првиот момент кога ќе стаса извештајот дали и кои производи имаат зголемени цени соодветно ќе биде реагирано во јавноста, особено, како што рече доколку тоа …

Continue Reading

Велковски: 270 деца се на листа на чекање во градинките во Тетово, над 5000 во цела држава

Над 270 деца во Општина Тетово се на листите за чекање за згрижување во детските градинки, додека пак бројот на деца на територијата на Република Македонија е над 5.000. Ова денеска го изјави техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при посетата на детската градинка „Младост“ во Тетово. „Моментално во Македонија чекаат над 5.000 дечиња на листите за …

Continue Reading

СДСМ: Силјановска е реприза на Иванов, ДПМНЕ нуди враќање назад

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседателка на ДПМНЕ, е реприза на Ѓорѓе Иванов, оценуваат од СДСМ. „ДПМНЕ, со Силјановска Давкова нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ. Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски а зина, а излажа, убедуваше дека Македонија нема отворени прашања со соседите и дека Бугарија и Грција се главни поддржувачи на интеграциите

„Пендаровски Стево е синоним за лаги и манипулации. Пред изборите во 2019 година им велеше на граѓаните дека власта на СДС и ДУИ ги затвориле сите отворени прашања на Македонија со соседите. Тој отиде дури и понатака па ги уверуваше луѓето дека Бугарија и Грција биле главни поддржувачи на македонската интеграција во ЕУ. Нити едното, нити другото е точно. Пендаровски …

Continue Reading

Силјановска Давкова: Власта наместо да пласира идеи, проекти, таа ја троши енергијата во ветар, во навреди и негации, време е да се стави крај на безредието

„Зошто се кандидирав повторно? Тоа го сторив од повеќе причини. Прво, поминав за време на овие четири години низ школата на демократијата како велат Англичаните за Парламентот. Мислам дека многу работи сменив, покажав таму дека пратеникот може да ги претставува граѓаните и да гласа по сопствено уверување“, истакна Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ во …

Continue Reading

Пендаровски: Прогнозите на ВМРО – ДПМНЕ се само за првиот круг, тие знаат дека во вториот круг јас сигурно сум победник

Во вечерашното гостување во ,,Тема на денот” на Сител тв, претседателот Стево Пендаровски говорејќи за анкетите за претстојните претседателски избори истакна дека претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицковски говори дека нивниот кандидат ќе води со над 100 илјади гласови, без притоа да каже како ќе биде соодносот во вториот круг. ,,Сите нивни прогнози се базираат на првиот круг. Никој …

Continue Reading

Џафери: Придонесуваме во развојот на општеството преку обезбедување европски услови за образование

Премиерот Талат Џафери, денеска за време на работната посета на Битола, беше во посета на повеќе високообразовни институции. Џафери оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и ги посети Педагошкиот факултет во Битола, како и Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ. Во Ректоратот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, се сретна со ректорот Игор Неделковски. …

Continue Reading