Тренчевска се повлече од партиската функција: „Нека настапат нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери“

Тренчевска-за-протестите-Да-бидеме-реални-платите-некаде-се-зголемени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Се повлекувам од мојата функција како Претседателка на форумот на жени на СДСМ, функција која ја извршував чесно, достоинствено и во служба на граѓаните, објави на социјалните мрежи, Јованка Тренчевска.

Како што додаде, од партиските структури се повлекува целосно одговорно и самосвесно, со сигурност дека не  ја изневерила довербата која и била дадена.

„Од денес во СДСМ нека настапат оние со квалитети, вистински знаења, лицата блиски до народот на кои им се верува. Нови лица, неизвалкани од бремето на претходните функционери. Јас верувам во моите социјалдемократи и знам дека промените ќе бидат на подобро!“, вели Тренчевска.

Како што рече, вчерашниот ден покажал дека живееме во демократска држава каде моќта е на народот, онака како што и треба да биде.

„Во нашиот мандат како Социјалдемократски сојуз на Македонија, никој не оставивме сам, носевме мерки и закони кои помагаат на сите граѓани. Ги донесовме највисоките плати и пензии, се грижевме за најмладите и за лицата со попреченост. Чекори кои не сакам да избледат низ времето! Од моето делување сфатив дека на граѓаните не им се потребни само добри закони, туку и силни реформи! Продолжувам цврсто напред. Нема да дозволам уназадувањe на социјалната работа и укинување на мерки кои се од полза на граѓаните. Мене ме водат вредности во кои секој заслужува поддршка, можности и напредок, и така ќе делувам од позиција на пратеник“, вели ексминитерката за труд и социјална политика.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK