Радев: Наскоро ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

8098243.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бугарскиот претседател, Румен Радев вели дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија Гордана Силјановска и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје.

„Секогаш сум ја поддржувал европската интеграција на Република Северна Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и пред се’ Копенхашките критериуми за членство. А тоа би значело промена на Уставот и почитување на правата на македонските Бугари“, вели Радев.

Како што додаде во изборната кампања се разгорел говор на омраза кој треба да запре, а натаму е неопходна е ревизија на учебниците, почитување и заштита на бугарското културно и историско наследство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK