Без вода неколку улици во Пржино

Поради дефект на приклучна цевка на ул. „Пандо Кљашев“ 69, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Пандо Кљашев“, дел од ул.„Милан Мијалковиќ“ и дел од ул.„ Кара Трифун“ во населба Пржино. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:20 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Без вода дел од булеварот „Македонска Косовска Бригада“

Поради изведување на водоводен приклучок на бул. „Словенија“ бб, во близина на ресторан „Аванти“, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „Македонска Косовска Бригада“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:10 часот до завршување со завршување со работните активности.

Continue Reading

Без вода дел од Инџиково

Поради уличен дефект ф-80 мм на ул. 2/44 во Инџиково, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Инџиково, информираат од ЈП Водовод и Канализација- Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со завршување на дефектот.

Continue Reading

Без вода корисниците од неколку улици во скопско Сарај

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираа дека денеска поради уличен дефект ф-2“ на ул. 3 во Сарај, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. 3 , 5 и 15. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување со завршување на дефектот.

Continue Reading

Земјено прскање против комарци во Скопје

Втората фаза од терестрична (земјена) дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира од вечерва до 15 јуни 2023 година, од 22:00 до 3:00 часот. Градските власти информираат дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. – …

Continue Reading

Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк

Во организација на Францускиот институт во Скопје денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка, ќе се одржи гастрономски настан „Вкуси ја Франција“. – Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција, соопшти организаторот. Како што е најавено, настанот ќе го отворат градоначалничката на Град …

Continue Reading

Викендов втор Јунски коњички турнир

На теренот на клубот Анималс во Дрма, скопско, викендов ќе се одржи вториот Јунски коњички турнир. Истовремено ќе се одржи 2. коло од отвореното Државно првенство во дресурно јавање. На програмата се три натпревари во: 1. Категорија-А 2. Категорија-М и 3. Категорија-ЛМ Дозвоелн е избор на слободна програма и музика во траење од 3-4 минути.

Continue Reading

Терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 11 до 15.06.2023 година (од недела до четврток) во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе се реализира втората фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат …

Continue Reading

Средношколците имаат право на бесплатен превоз и за време на претстојниот летен распуст

Ги информираме средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз, дека и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст. Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2023 година, која, меѓудругото, вели “со почетокот на …

Continue Reading