Герасимовски: Стартува проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните”

Општина Центар го распиша проектот Сервис за стари – „Центар се грижи за возрасните” со кој 90 пензионирани граѓани од оваа општина добиваат помош и поддршка при извршувањето на домашните работи, од страна на стручни и обучени лица. Овој проект Општина Центар го реализира во соработка со невладината организација „Хуманост“. -Преку овој проект им помагаме на нашите повозрасни сограѓани полесно …

Continue Reading

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ на фестивал во Измир

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ од денеска до 11-ти овој месец ќе учествува на интернационалниот мандолински фестивал во Измир, Турција. Под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри, мандолинскиот оркестар „Скопје“ како амбасадор на македонската музичка култура и уметност ќе ја претстави нашата држава на овој фестивал.

Continue Reading

Без вода корисниците од улицата „Нобелова“

Поради уличен дефект на улицата „Нобелова“ број 3, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Корисниците ќе немаат вода за пиење сѐ до завршување на работите.

Continue Reading

Започнува „Скопски брас фестивал“

Третото издание на „Скопски брас фестивал“ започнува денеска и ќе трае до недела. Оваа година во рамките на фестивалот ќе се одржат три концертни настани, еден семинар, детска работилница и изложба на инструменти од брендовите на „Буфет Крампон“. Како главен гостин на ова издание е светски познатото дуо „Штајнер/Хохвартнер“ составено од Питер Штајнер на тромбон и Констанце Хохвартнер на пијано, …

Continue Reading

Почнува 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Со свеченост на платото пред Домот на културата „Марко Цепенков“, со врачување на наградите за животно дело и со првата претстава во официјалната конкуренција, вечер во Прилеп ќе биде отворен 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Под мотото „Враќање дома“ најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност до 16 јуни ќе понуди богата програма. На отворањето, од 20.30 часот …

Continue Reading

Без вода дел од Карпош и реоните околу салата „Борис Трајковски“ и резиденцијата на г.г. Стефан

Без снабдување со вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од скопската населба Карпош, салата „Борис Трајковски“, базенот „Карпош“, хотелот „Александар Палас“, како и реонот околу резиденција на г.г. Стефан. Како што информираа од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје поради уличен дефект од ф-100 милиметри на улица „Нобелова“ број 3 во населба Карпош, во периодот од 09.00 часот, …

Continue Reading

Традиционална српска вечер во Скопје

Љубителите на кулинарските специјалитети ќе имаат можност да уживаат во избор на јадења од српската национална кујна на традиционалната српска вечер што ќе се одржи во Скопје во хотел Лимак. Дел од специјално подготвеното мени се предјадењата како гибаница со сирење, кајмак, чварки, залучени пиперки, сарма од кисела зелка и Караѓорѓева шницла, додека главното јадење го сочинуваат печено свинско и …

Continue Reading

Признанија за 29 матуранти првенци од училиштата на Град Скопје

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска им додели признанија и парични награди на 29 матуранти првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар. Се работи за матуранти со најдобар успех од генерацијата 2020-2023, 2019-2023 и првенци на генеација за особени постигнувања и …

Continue Reading

Средба на Арсовска со делегација на чешкиот Парламент

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска оствари средба со челнови на чешкиот Парламент, кои престојуваат во посета на земјава и кои беа придруживани амбасадорот и конзулот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва и Давид Чернохорски. Како што соопшти Кабинетот на Арсовска, на средбата е потврдено дека соработката со Град Скопје, која беше интензивна во изминатата година, поттикна отпочнување на …

Continue Reading