Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк

vkusi-ja-francija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Францускиот институт во Скопје денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка, ќе се одржи гастрономски настан „Вкуси ја Франција“.







– Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција, соопшти организаторот.

Како што е најавено, настанот ќе го отворат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.

Во музичкиот дел ќе настапат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.

Главен покровител на настанот е винарската визба „Тиквеш“, а партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино. Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK