Априлијада на плоштадот во Автокоманда од 13 часот
Денеска, со почеток од 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се одржи априлијада. За добрата детска забава ќе бидат задолжени Светот на Биби и детскиот фестивал Поточиња, а дечињата ќе имаат можност да другаруваат со омилените ликови од детските цртани филмови, велат од општина Гази Баба.
Continue Reading
181 санкционирани возачи во Скопје, 117 за брзо возење
Полицјата вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 181 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, 10 санкции за управување под дејство на алкохол. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните …
Continue Reading
Отворен Џевахир Мол Скопје
Групата ДНК од и за населба Аеродром го отвори новиот трговски центар во Скопје. Големиот број присутни гости ја следеа програмата под мотото „Аеродром пулсира“ каде освен ДНК, настапија Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители се дружеа со Стела и Сани. Вечерта на отворањето променадата на комплексот беше преполна со посетители од целиот град кои уживаа …
Continue Reading
Државно првенство во џудо и џиу џица во општина Илинден
Општина Илинден денес е центарот на спортските случувања, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” се одржува државно првенство на џудо и џиу џица. Федерациите на џудо и џиу џица ги одржуваат државните првенства за категориите пионери и сениори. На ова државно првенство учествуваат 14 екипи од повеќе градови од Македонија, каде на терените се борат околу 200 борци. На Државното …
Continue Reading
Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи известува дека на 31.03.2024 (недела) со почеток во 09.00 часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, …
Continue Reading
Герасимовски: Центар со стратешки план ќе ги дефинира приоритетите за енергетска транзиција
Потребна е стратегија и патоказ за да имаме одржлив процес за енергетска транзиција во Општина Центар, ова е заклучокот од денешната работилница што се одржа во Енергетската канцеларија во локалната самоуправа. На работилницата на која учествуваа експерти, претставници на невладини организации, преставници на Општината и општинското претпријатие Енергија центар, соговорниците дискутираа за актуелните проекти во доменот на енергетиката, зелената агенда, …
Continue Reading
Едукативен мото настан утре во Кисела Вода
Утре, со почеток во 11 часот, пред салата Расадник, ќе се одржи едукативен мото настан од отворен карактер „Сите возиме, но некои знаат“. На присутните од страна на лиценцирани инструктори, ќе им биде презентирани важноста за техничка исправност на моторното превозно средство (мопед, скутер, мотор), правилната употреба на безбедносна опрема за возење, како и справување во реални ситуации на улица. …
Continue Reading
Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром
Денеска се отвора трговскиот центар Џевахир Мал Скопје во Општина Аеродром. Отворањето на Џевахир Мол Скопје ќе биде одбележано со музичка програма под мотото „Аеродром пулсира“ на која ќе настапат ДНК, Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители ќе се дружат со Стела и Сани. Програмата започнува во 18:00 часот. Турскиот бренд за детска облека „Панчо“, …
Continue Reading
Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер присуствуваше на тренингот на КК Работнички во салата Кале. Со кошаркарите разговараа за издигнувањето на тимот и потребите за достигнување на високи резултати и на следните натпревари. „Сакам да се заблагодарам пред се и на тренерот на цел стручен тим но и на сите играчи за одличните резултати коишто ги имаме годинава. …
Continue Reading