Симпозиум во организација на ОМД

Обединетата македонска дијаспора денеска во Скопје организира симпозиум со цел информирање, отворена комуникација и поврзување на државата со македонската дијаспора, како и промоција на потенцијалите за студирање, инвестирање и пензионирање. Организаторите најавуваат присуство на претседателот Стево Пендаровски, поранешниот претседател Ѓорге Иванов, италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри, како и на многу други професори и експерти.

Continue Reading

Без вода дел од општина Центар

Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат дел од жителите од улиците „Максим Горки“ и „Осма ударна бригада“ и сите деловни објекти во овој реон во Општина Центар. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улица „Максим Горки“ бр.17. Корисниците ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.

Continue Reading

ЈСП: Немаше патници во автобусот што се запали, причинета е поголема материјална штета

 – Немало патници во автобусот на ЈСП што попладнево се запали во близина на гаражите на јавното претпријатие во Автокоманда. Оттаму за МИА информираат дека е причинета поголема материјална штета и дека причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат откако ќе заврши увидот. – Во моментот на запалување на возилото, во него немало патници со оглед на тоа дека возилото …

Continue Reading

Марио, кој освои бронзен медал на специјалните олимписки игри во Берлин почна со работа во општина Бутел

Денес е еден од поубавите денови и посебно сум среќен што Марио е дел од мојот тим. Големата желба на Марио која ми ја посочи во неговиот дом, а тоа е да работи со спорт, од денес е реалност. Марио е наш колега и ќе работи во одделението за јавни дејности во делот на спорт и спортски настани. Марио е …

Continue Reading

Двокатен автобус попладнево се запали на булеварот „Киро Глигоров“

– Двокатен автобус се запалил околу 15:30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека е интервенирано со едно возило и пет пожарникари и дека пожарот е целосно изгаснат. Претходно, пожар имаше и на депонијата кај Аква паркот кај салата „Борис Трајковски“ на кој интервенираа 14 пожарникари …

Continue Reading

Улицата 6 во Бардовци две недели без вода, според надлежните се работи на решавање на проблемот

– Жителите на улицата 6 во Бардовци во Општина Карпош деновиве се оставени без вода. Екипите на МИА го посетија овој дел од населбата, при што мештаните ни посочија дека вода немаат за основни потреби, а проблемот постои речиси две недели. -Во 21 век немаме основно нешто а тоа е водата. Немаме капка вода да се напиеме. Имаме мало дете …

Continue Reading

ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина

– Градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК. Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект. Како што информираа од ДКСК, извршен …

Continue Reading

Под контрола пожарот на депонијата кај салата „Борис Трајковски“, се гаси и пожар на Гази Баба

– Под контрола е ставен пожарот, кој изби денеска на депонијата кај Аква паркот, кај салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Командатот на скопската проптивпожарна бригада, Ѕвонко Томевски за МИА изјави дека во гаснење на пожарот од изутрината биле вклучени 14 пожарникари со седум противпожарни возила. Тој нагласи дека пожарот е ставен под контрола и оти нема опасност за негово ширење …

Continue Reading

Герасимовски: Инспекциската служба на Центар ги лови сите неправилности

Секторот за инспекциски работи при Општина Центар бележи  зголемен обем на работа и зголемен број донесени записници, акти и барања за поведување на прекршочни постапки согласно програмата за работа. -Според шестмесечната анализа  во периодот од први јануари  до триесетти  јуни, оваа година, биле донесени двесте триесет и пет  записници, во кои спаѓаат редовните, вонредните и контролните надзори од страна на …

Continue Reading