Без струја дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош. Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Continue Reading

Арсовска избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво. Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол и координатор за следење и …

Continue Reading

(Видео) „Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа на општината“, вели Герасимовски

Општина Центар извојува победа. Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им се …

Continue Reading

„Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода

Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ општина Кисела Вода, в понеделник, на први април, организира голема забава под маски за најмладите. Пред салата Расадник ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени „Поточиња”. Настанот започнува во 11 часот, а за изборот на најдобра маска ќе одлучи жири …

Continue Reading

Дел од општина Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе биде дел од општина Центар. Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата 50-та Дивизија бр. 35, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и улицата Димче …

Continue Reading

Град Скопје: Започна реконструкција на пешачкиот мост на Вардар, во општина Центар

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот мост на Вардар во општина Центар. Ова е еден од објектите чија реконструкција се реализира во рамки на проектот за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје, велат од таму. Појаснуваат дека дел од мостовите и натпатниците и покрај потребата, повеќе децении не се санирани, …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување во скопска Кисела Вода и улици во Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска, поради дефектна водоводени шахта на ул.1 бб с.Батинци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Батинци од 08:00 часот до завршување. (Општина Кисела Вода) · поради уличен водоводен дефект од ф100мм на ул.Вич раскрсница со ул.Разловечко Востание, прекинато …

Continue Reading

Неколку скопски општини денеска без струја

Според добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Сарај, Ѓорче Петров и Зелениково. Од 10 до 15 часот корисниците на дел од улицата 4 во Сарај, патот кон Љубин, во општина Сарај, ќе немаат …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Се гради фонтана на мини плоштадот во село Драчево

​Голема фонтана ќе го краси мини плоштадот во селото Драчево. Со централна позиција, истата се гради на 30 квадратни метри и ќе биде целосно осветлена. Во нејзина непосредна близина се реконструира детското игралиште, а просторот ќе биде дополнет со нова урбана опрема. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети овој мини сквер кој е често збиралиште за жителите на селото Драчево. …

Continue Reading