Дел од улица „Баница“ вечерва без вода

 – Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје известува дека вечерва, од 19 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улица „Баница“ во Црниче. – Ве известуваме дека на ден 20.07.2023г  поради уличен дефект  ф 80мм  на ул Баница  бр 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул Баница, велат од претпријатието. Оттаму, исто така информираат дека …

Continue Reading

Зелен хуман град: Добиена граѓанска битка против градежната мафија во Скопје

Советот денес ја усвои предлог-одлуката што ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ја поднесе на барање на Борба за Влае со која го поништивме штетниот Регулациски план за СЗ 19! Расправата која течеше по предлог-одлуката е доказ дека граѓаните мора да се самоорганизираат и да станат дел од локалните совети за да се осигураат дека ќе се носат одлуки со кои ќе се …

Continue Reading

Арсовска изврши увид на градежните работи на улица во Шуто Оризари

– Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид на градежните работи на улицата 40, крак на Македонско Косовска Бригада, што се реализира со меѓуопштинска соработка со општината Шуто Оризари. -Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје по налог на Град Скопје ги почнаа градежните  активности, а со реализација на овој проект и веќе завршената улица 38 се подобрува …

Continue Reading

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот урбанистички план на Водно

Советот на Општина Центар на 26-та седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022. Советниците, како што е наведено во соопштението од Општина Центар, ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби. Законот …

Continue Reading

Градоначалникот Муцунски и општина Аеродром казнети со 88.000 евра

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина, со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, соопшти прес-службата на Град Скопје. Посочуваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во …

Continue Reading

Акција за миење и дезинфекција на сите контејнери во Град Скопје

ЈП „Комунална хигиена“ започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје. Од јавното комунално претпријатие информираат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок, со тоа што нивните екипи  спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите каде што се поставени садовите. …

Continue Reading

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведено едно лице

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го привеле А.М.(44) од Скопје. Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом во с.Волково, скопско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Санкционирани 200 возачи во Скопје, 50 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 200 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон при возење и седум санкции …

Continue Reading

Без вода дел од Општина Карпош

ЈП водовод и канализација информира дека од 07:00 часот утрово, поради уличен дефект ф-1” на улицата „Сердарот“ 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Сердарот“, „Нагоричанска“ и дел од „Иван Хаџиниколов“. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.

Continue Reading