Жичницата на Водно нема да работи поради технички зафати
Жичницата на Водно нема да работи поради предвидени технички зафати, информира Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. ЈСП најавува дека утре објектот ќе продолжи да работи со вообичаено работно време.
Continue Reading
Без струја делови од Ѓорче Петров, Карпош и Студеничани
Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Од девет до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците број „2“, „4“, „6“, „10“, „12“, „16“, „18“, „32“, „34“, „46“, „54“, „62“, „64“ и „84“ во селото Ново …
Continue Reading
Студенти од Институтот за специјална едукација и рехабилитација на пракса во сензорниот центар во градинката „Пампурче“ во Ѓорче Петров
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со професорите од Институтот за специјална едукација и рехабилитација во рамки на Филозофскиот факултет, проф. др. Оливера Рашиќ Цаневска и проф. др.Горан Ајдински денеска го посетија првиот центар во Република Македонија за сензорна интеграција и психомоторна реедукација кој неодамна беше изграден во градинката „Пампурче“ во Ѓорче Петров. Центарот е со три простории, …
Continue Reading
Без струја делови од општините Карпош и Шуто Оризари
„ЕВН Македонија“ АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Шуто Оризари. Во периодот од 9 до 11 часот корисниците од улицата Орце Николов бр. 155 и бр. 156 во општина Карпош ќе немаат струја. Во периодот од 11.30 до 13 часот дел од корисниците од улиците Бутелски венец и Пелагонија, како и корисниците …
Continue Reading
Општина Аеродром дел од женската трка за поддршка на жените со мултиплекс склероза
Вкупно 25 вработени во администрацијата на Општина Аеродром земаа учество на женската трка што се одржа на Светскиот ден на здравјето, 7 април, а со цел подигнување на јавната свест за мултиплекс склероза и предизвиците што ги носи оваа хронична болест, известува општината. Трката беше во организација на Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултиплекс склероза во …
Continue Reading
За седум дена санкционирани 206 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на општина Центар и општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Во периодот од 01.04. до 07.04.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани …
Continue Reading
Дел од општина Карпош денеска без вода
Денеска поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Џумајска 47, без вода ќе бидат корисниците од улицата Џумајска во општина Карпош. Прекинатото водоснабдување ќе биде од 10,00 часот до завршување на интервенцијата, извести РЦУК – Скопје.
Continue Reading
Без струја дел од Центар
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат корисници од општина Центар, извести РЦУК – Скопје. Во период од 08,30 до 14,00 часот, улиците Антоние Грубишиќ, Коле Неделковски, Наум Наумовски Борче и Мирослав Крлежа во општина Центар ќе останат без струја.
Continue Reading
Поради трка посебен сообраќаен режим на бул. „Илинден“ од 9 до 11 часот
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје, денеска претпладне во главниот град ќе се одржи 12-то издание на „Авицена женска трка“. Стартот на трката е во 10 часот од бул. „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“, а учесничките ќе трчаат три километри. Пред почетокот, во 9:40 часот, предвидено е загревање со аеробик вежби. …
Continue Reading