Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје поради одржување митинг

policija-стоп.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување на митинг, почнувајќи од денеска до утре, односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што бул.„Илинден“, потегот од мост Гоце Делчев до бул.„Климент Охридски“ и од бул.„Климент Охридски“ до мост Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правци. Во текот на утрешниот ден, по потреба , ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK