Општина Ѓорче Петров доби две нови фудбалски игралишта

Општина Ѓорче Петров за краток период заврши со реализација на два значајни спортски проекти од кои придобивки ќе имаат сите жители на општината. Задниот дел од дворот на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ доби сосема нов спортско-урбан лик со изградба на новото фудбалско игралиште со подлога од вештачка трева и со димензии 20х30м. Игралиштето ги исполнува сите услови за рекреација …

Continue Reading

Градоначалникот Ѓорѓиевски организираше забава за учениците со попреченост од Кисела Вода

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски синоќа, заедно со својата сопруга и дел од неговиот тим ја организираше традиционалната забава по повод завршувањето на учебната година за учениците со попреченост од основните училишта во Кисела Вода, учениците од ОУРЦ ,,Д-р Златан Сремец” и Здружението на родители на деца со церебрална парализа. -Ова е втора година по ред, а е забава по повод завршувањето …

Continue Reading

Без струја делови од Ѓорче Петров, Бутел и Илинден

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Бутел и Илинден.   – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од село Волково дел од улицата 102, куќите кон патот за село Орман во општина Ѓорче Петров; – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од дел од улицата Радишанска …

Continue Reading

Општина Карпош ѝ замерува на полицијата за слабата реакција за тепачката во Злокуќани и на Клиничкиот центар Мајка Тереза

Општина Карпош реагира на соопштението на Министерството за внатрешни работи по повод тепачката во Злокуќани, а потоа и на Клиничкиот центар Мајка Тереза. За какви луѓе станува збор покажува фактот што се дрзнале да направат нова физичка пресметка во Клиничкиот центар токму онаму, каде граѓаните и тие самите одат на лекување и бараат помош од тие установи, коментира Општина Карпош …

Continue Reading

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 Јули 2024

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои …

Continue Reading

Училиштен летен камп за учениците од општина Илинден

Општина Илинден и оваа година организира училиштен летен камп во македонските туристички центри за најуспешните 50-тина ученици од општинските основни училишта. Дел од училиштниот летен камп имаат можност да бидат учениците кои во текот на учебната година постигнале високи резултати во делот на спортот, првенци на генерација, носители на награди од различни училишни натпревари. Училиштен летен камп е уште еден …

Continue Reading

Во Општина Ѓорче Петров се отвора нов центар за поддршка на учењето на деца со попреченост

На мое големо задоволство, остварив средба со директорката на ОУРЦ ,,Златан Сремец” Марија Делетиќ и одговорниот координатор за образовни асистенти Маја Трајчова, со кои имавме навистина исцрпна дискусија во однос на потребите за поддршка на учениците со попреченост од општинските основни училишта на територија на општина Ѓорче Петров, истакна Стојкоски. На средбата беше договорено од наредната учебна 2024-25 година во …

Continue Reading

Герасимовски: За убави маалски дружби, нов сквер пред платото на Општина Центар

„За убави маалски дружби“, Општина Центар доби нов сквер како донација од Стопанска банка – АД Скопје. Скверот е пред платото на Општина Центар на аголот од ул. „Михаил Цоков “ и ул. „Орце Николов“ и вклучува футуристичка инсталација т.н. „урбан атрактор“. Оваа урбана инсталација на платформи со неправилни облици, клупи, декоративно зеленило и паркинг за велосипеди се протега на …

Continue Reading

Град Скопје: Арсовска по 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси

„Градоначалничката на Град Скопје за седницата на Совет на 19.06.2024 по 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје“, велат од Град Скопје. „Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, …

Continue Reading