Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест

Денеска со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Владата. Од …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир) · во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик. Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар. „Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации. Кејот ќе …

Continue Reading

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф 80 мм на улицата Мирослав Крлежа бр.54, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирослав Крлежа во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.

Continue Reading

Скопското Кале ќе прерасне во жива културна сцена на градот, најави Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна …

Continue Reading

Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец треба да се пушти во употреба, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави: „Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во …

Continue Reading

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е отстрането во скопските општини Центар и Чаир. „Екипите на Претпријатието речиси секојдневно интервенираа на неколку локации каде што се одлага отпад на јавни и на сообраќајни површини, …

Continue Reading

Делови од Карпош и Гази Баба денеска без струја

Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани прекини и тоа: – во периодот од 08:30 до 15:00 часот, корисниците на улицата Ордан Поп Јорданов. (општина Гази Баба) – во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Римска. (општина Карпош)

Continue Reading

„Паметен зелен бран“ за регулирање на протокот на возила: Ѓорѓиевски и Тошковски на финални подготовки за официјално пуштање на „Сејф Сити“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, одржа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјално пуштање во функција на „Сејф Сити“ системот, соопштија од Град Скопје. Притоа беше истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна и активна улога во имплементацијата на овој современ систем, со …

Continue Reading