БРАКО ги помогна инвестициите во Велес со 1 милион денари наменети за проектирање

Велешката компанија БРАКО помогна со финансиска помош од 1 милион денари за побрзо спроведување на проектите на територија на општина Велес. Општината ја искористи донацијата за побрзо и поефикасно  да спроведе постапката за повеќе инвестиции во градот кои се во интерес на граѓаните. Со финансиската помош беа изготвени основни, идејни и урбанистички проекти за реконструкција на младинскиот парк во Велес, …

Continue Reading

КАМПАЊА,,ДОЈДИ,ВИДИ,ВКУСИ,,ЗГОЛЕМЕНА ПРОМОЦИЈА И БРЕНДИРАЊЕ НА МАКЕДОНСКАТА ОРГАНСКА ХРАНА И ВИНО

Во организација на здружение на граѓани Еко Партнерс на 23 септември (сабота) во 18.00 часот во паркот во Ѓорче Петров четврта година по ред ќе се организира настан ,,Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики,, спонзориран од Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство,23 септември дополнително  e ,,Ден на органското производство на ЕУ,, . Визијата на Еко Партнерс е …

Continue Reading

Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво

Нека е честит новиот објект, нормално овој не објект кој што е правен по сите стандарди. Условите кои што се внатре се навистина европски, и јас очекуваме дека на тој начин ќе се подобри многу квалитетот на работата. Иако до сега квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров под водство на Александар беше навистина на едно супер европско ниво. Сега …

Continue Reading

Стојкоски: Општина Ѓорче Петров добива нова и ефикасна општинска зграда, жителите повеќе нема да трчаат на 5 различни локации

Добредојдовте во Општина Ѓорче Петров на 20 септември – Денот на општината Ѓорче Петров, ден на кој славиме 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров. Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во …

Continue Reading

Левица: Узурпирани тротоари и преполни паркинзи во Аеродром

Уште едно неостварено ветување на градоначалникот Муцунски го нарушува и онака лошиот квалитет на живеење во општина Аеродром, велат од партијата Левица. „Имено, поради недостиг на паркинг места, возачите се снаѓаат на свој начин и автомобилите ги паркираат на тротоарите, оневозможувајќи го движењето на пешаците. Додека бројот на згради во општината постојано расте, бројот на паркинзи опаѓа. Градоначалникот Муцунски имаше …

Continue Reading

Бесплатни прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчињата од Општина Центар

Клиника Жан Митрев додели ваучери за педијатриски прегледи за секое новороденче од Општина Центар. Како дел од меморандумот за соработка потпишан со Општина Центар ова е второ доделување ваучери за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете, откако во мај беа доделени 130 ваучери. Истото е продолжување на традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и …

Continue Reading

Општина Аеродром ја одбележува Европската недела на мобилност

Со објавување на повикот за доделување субвенции за електрични тротинети и велосипеди, како и низа активности во детските градинки и основни училишта, Општина Аеродром е една од шесте општини од Македонија кои се вклучија во одбележување на Европската недела на мобилност, која традиционално се одбележува секоја година во текот на септември. Целта на годинешното одбележување на Европската недела на мобилност …

Continue Reading

Нов сообраќаен режим на булеварот Македонски просветители во Охрид

СВР Охрид информира дека, денеска, во сила ќе биде нов режим на сообраќајот на булеварот Македонски просветители во Охрид. Според новиот сообраќаен режим, кој е усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е такси-постојката на булеварот Македонски просветители, во близина на поштата, да се дислоцира на улицата Партизанска, a локацијата да биде пренаменета во паркинг-простор. Воедно, делот од коловозот …

Continue Reading

Утре без струја неколку улици во општините Сопиште и Бутел

ЕВН Македонија известува дека утре без електрична енергија ќе останат улици во општините Сопиште и Бутел. Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата 4, Соње Коштан, село Горно Соње во Општина Сопиште, а во периодот од 09.00 до 11.00 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците од Горно Оризари, местото викано Крст …

Continue Reading