Нов сообраќаен режим на булеварот Македонски просветители во Охрид

ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Охрид информира дека, денеска, во сила ќе биде нов режим на сообраќајот на булеварот Македонски просветители во Охрид.







Според новиот сообраќаен режим, кој е усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е такси-постојката на булеварот Македонски просветители, во близина на поштата, да се дислоцира на улицата Партизанска, a локацијата да биде пренаменета во паркинг-простор. Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси-постојка на булеварот Македонски просветители, од пресекот со улицата Партизанска до пресекот со улицата Димитар Влахов, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кај поштата кон булеварот Туристичка, со што од утре сообраќајот по целата должина на булеварот Македонски просветители ќе се одвива двонасочно, информираат надлежните.

Апелираат до возачите да се придржуваат до измените и да ги почитуваат насоките на полициските службеници, кои денеска на посочените локации и практично ќе ги информираат граѓаните за новите сообраќајни измени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK