Герасимовски: Бесплатни стоматолошки услуги за сите деца до 18 години и социјално загрозените семејства

Општина Центар е првенец во обезбедување бесплатни услуги за своите граѓани. Денеска, на одбележувањето на Светскиот ден на оралното здравје, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со претставници од Стоматолошкиот факултет ги промовираа новите бесплатни услуги за граѓаните. Станува збор за користење услуги од областа на болести на устата и пародонтот, орална хирургија, болести на забите и ендодонтот, стоматолошка …

Continue Reading

Арсовска изврши увид во градежните работи на проектот за изведба на водоводна мрежа во Чучер Сандево

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од скопските јавни претпријатија денес извршија увид во градежните работи на проектот за изведба на водоводна мрежа на потег од 1 километар на улицата Бел Камен во Чучер Сандево, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка. Со реализацијата на овој проект, како што соопшти нејзиниот кабинет, се решава горлив проблем на жителите …

Continue Reading

(Видео) Утрово се рушеше дивоградба во Ѓорче Петров: законот мора да важи подеднакво за сите

Утрово во скопско Ѓорче се рушеше дивоградба. Законот мора да важи за сите, порача градоначалникот на општината Александар Стојкоски кој сподели видео од рушењето. – Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но …

Continue Reading

Без струја неколку скопски општини

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници: · Во период од 09,00 до 12,00 часот дел од корисниците од с. Крушопек ( влезот на селото) о. Сарај; · Од 10,00 до 15,00 часот дел од ул.4 во Сарај о. Сарај; · Од 08,30 до 15,30 часот дел од ул. Македонско-Косовска Бригада, дел од …

Continue Reading

Спортското игралиште во Инџиково отсега уште позелено – Иуте заедно со пријателите засадија 150 садници

На официјалниот настан кој се одржа викендов под мотото Растеме заедно, на спортското игралиште Инџиково во Општина Гази Баба беа засадени 150 дрва, преку директна донација и поддршка од Иуте Македонија. Донацијата е резултат на меморандумот за соработка помеѓу Иуте и Општина Гази Баба, со којшто не само што се обезбедуваат насади за пошумување, туку и нивна одржливост низ годините. …

Continue Reading

Без струја дел од општините Центар и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар и Ѓорче Петров. Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Козара во општина Центар ќе останат струја, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците …

Continue Reading

(Фото) Започна изградба на камбанарија на црквата кај Смилковско езеро

Денеска се осветија темелите за изградба на камбанарија на Црквата, Св. 40 маченици изградена на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток. Чинот на осветување на темелите го изврши Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архепископија …

Continue Reading

Општина Аеродром: На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Денешна прес конференција во којa говорат за работата на Општина Аеродром е само уште еден од низата неуспешни обиди за дефокус од лошите политики кои оваа партија ги спроведува на централно ниво“, реагираат од општина Аеродром, „Ширењето лажни вести и манипулирањето на јавноста доведува до поголема поларизација во …

Continue Reading

(Видео) Ристески: Муцунски ја преспа годината, потврдија завршната сметка и годишниот извештај на Општина Аеродром за 2023-та

„Градоначалникот Тимчо Муцунски ја преспа цела 2023 година. Ова се гледа и во завршната сметка и Годишниот извештај на Општина Аеродром усвоени на последната седница на општинскиот Совет“, вели Милутин Ристески, советник на СДСМ во Советот на општина Аеродром „Согласно овие официјални документи Општина Аеродром минатата година ја заврши со реализација на само 66% од планираните даночни приходи на основниот …

Continue Reading