Општина Аеродром: На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста

opstinaaerodrom1_original.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Денешна прес конференција во којa говорат за работата на Општина Аеродром е само уште еден од низата неуспешни обиди за дефокус од лошите политики кои оваа партија ги спроведува на централно ниво“, реагираат од општина Аеродром,

„Ширењето лажни вести и манипулирањето на јавноста доведува до поголема поларизација во општество и тоа оди во прилог само на СДСМ. Уплашени од губењето на власта, тие не бираат средства и механизми за ја девалвираат работата на општината Аеродром. Политичката партија која е синоним на неработење, корупција и криминал, не само што ја донесе Македонија на врвот на сите листи по сиромаштија и корупција, туку и на локално ниво бележи само порази и неуспеси. По катастрофалниот пораз на последните локални избори, СДСМ во изминатите две години стана политичката партија која изгуби три советници и има најнизок рејтинг во Аеродром. Тоа е последица на лошото раководење, и криминалната матрица во која оваа партија е влезена на централно и локално ниво. Општина Аеродром е модел за одговорно работење и домаќинско трошење на парите. Вистински пример кои треба да го следат и да учат градоначалниците кои доаѓаат од редовите на СДСМ. Општина каде во изминатите две години се реализираа стотина проекти, и таквиот начин на работа продолжува и во следниот период“, пишуваат од општината.

Претходно, Милутин Ристески, советник на СДСМ во Советот на општина Аеродром, рече дека „Градоначалникот Тимчо Муцунски ја преспа цела 2023 година. Ова се гледа и во завршната сметка и Годишниот извештај на Општина Аеродром усвоени на последната седница на општинскиот Совет“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK