Мобилни екипи во Кисела Вода им помагаат на граѓаните за справување со високите температури

Општина Кисела Вода заедно со Црвен Крст на Општина Кисела Вода денес го започна проектот “Топлотен бран” кој има за цел во топлите летни денови да го заштити здравјето на своите граѓани. На најфреквентните локации, парковите, автобуските постојки, мобилни екипи составени од возило на Црвениот Крст, медицинско лице- доктор, волонтери на Црвен Крст, референти од урбаните и месните заедници на …

Continue Reading

Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели. Како што истакна градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се стимулираат граѓаните на општина Илинден (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување или ладење на своите домови, кои се …

Continue Reading

За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои, вели градоначалникот на Бутел

Состојбата во Општина Бутел е алармантна, повеќе од десет дена екипите ЈП Комунална Хигиена-Скопје кои се под директна команда на Данела Арсовска, се немаат појавено на поголемиот дел од територијата на Општина Бутел, вели градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. „За Данела Арсовска Општина Бутел како да не постои“, посочи Костовски. „Сликите се застрашувачки, ваква неспособност на градските служби не е …

Continue Reading

Без вода дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Центар. • поради изведување на водоводен приклучок Ф 300мм.на улица Живко Фирфов ББ кај пазарчето. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Драчево и населба Долно …

Continue Reading

„Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи“, партијата Левица со барање за инспекциски надзор

Партијата Левица извести дека од група граѓани добиле информации за узурпација на охридското крајбрежје со поставување лежалки, педалинки, тезги и друга урбана опрема. „Партијата Левица поднесе Барање за вонреден инспекциски надзор до Управата за јавни проходи, Комунална инспекција и Пазарна инспекција за да се утврди дали поставените лежалки, чадори и летни реквизити од баровите на плажите е согласно со законите …

Continue Reading

Валбон Лимани е избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар

Советот на општина Гостивар денеска одржа вонредна седница на која со 22 гласа за и 8 против за вршител на должноста градоначалник на Гостивар, беше избран Валбон Лимани. Во своето излагање новоизбраниот градоначалник Валбон Лимани им се заблагодари на советниците за досегашната доверба и соработка. „Не можам да не ви се заблагодарам за довербата што штотуку ми ја дадовте. Сите …

Continue Reading

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и терцијална каналска мрежа) во согласност …

Continue Reading

Кисела Вода станува смарт-општина: започнува имплементација на проектот за паметно улично осветлување

Советот на Општина Кисела Вода ја поддржа одлуката за имплементација на физибилити студијата за модернизација на јавното осветлување во Кисела Вода. Оваа инсталација на паметни светилки на територијата на целата општина ќе овозможи паметно и штедливо управување со електричната енергија и сузбивање на досегашните чести проблеми со уличното осветлување поради застарената и дотраена мрежа. Целосната имплементација на проектот овозможува и …

Continue Reading

„Запуштени паркови и девастирани детски игралишта, градоначалнику Ѓорѓиевски ова е ваша обврска“, велат од партијата Левица

По барање на граѓани од населба Усје, советници од Левица – Кисела Вода излегоа на терен и ја согледаа состојбата во која се наоѓаат детското игралиште и паркот во населба Усје, извести партијата Левица. „Игралиштето за деца и паркот не се одржувани од нивното создавање, па поради тоа, активисти на Левица од Кисела Вода излегоа на терен и макотрпно работеа …

Continue Reading