Валбон Лимани е избран за в.д. градоначалник на општина Гостивар

limani1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Советот на општина Гостивар денеска одржа вонредна седница на која со 22 гласа за и 8 против за вршител на должноста градоначалник на Гостивар, беше избран Валбон Лимани.

Во своето излагање новоизбраниот градоначалник Валбон Лимани им се заблагодари на советниците за досегашната доверба и соработка.

„Не можам да не ви се заблагодарам за довербата што штотуку ми ја дадовте. Сите сме обединети за заеднички идеал. Ве сметам за тим и не ве разликувам по партиска, верска или етничка припадност. Сите исто ве гледам, гостиварци! Овој Гостивар треба да блесне за сите генерации што доаѓаат и за сите оние кои го сакаа, а веќе не се меѓу нас“, рече Лимани, додавајќи дека Гостивар е негова лична мисија а со тоа и благосостојбата на сите негови жители.

Исто така, на истата седница за прв човек на Советот на општина Гостивар е избран советникот Намик Дурмиши.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK