(Видео) Ковачки: На 1 ноември очекуваме убедлива победа во Брвеница
Вчерашниот изборен ден во Брвеница заврши со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат. Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Тој кажа дека опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоиле помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ. „Разговорите со граѓаните, искрените …
Continue Reading
Герасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахти
Општина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти. Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, велат од Општина Центар. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје …
Continue Reading
Денеска без вода дел од општината Гази Баба
Поради промена на затворач и надземен хидрант на улицата Коце Металец бб (последна 16-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Коце Металец, Зеничка, Тајмишка, дел од улицата Филип Филиповиќ и дел од улицата Гемиџиска (општина Гази Баба). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, известуваат од ЈП Водовод и канализација.
Continue Reading
МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент. „МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски прогласи убедлива победа во Брвеница: „Разликата е над 4 спрема 1, на први ноември одиме на вкупна победа“
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедлива победа на кандидатот на партијата, Стојанче Радичевски, на првиот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Мицкоски оцени дека разликата во однос на кандидатот на СДСМ е поголема од четири спрема еден. „ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за избор на …
Continue Reading
СДСМ: Пад од 13 отсто кај ВМРО-ДПМНЕ, раст од 46 отсто кај СДСМ на изборите во Брвеница
Првичните резултати од Аналитичкиот центар на СДСМ за изборите за градоначалник на Брвеница покажуваат дека во споредба со изборите од 2025 година гласовите на ВМРО се намалиле за 13% а гласовите на СДСМ се зголемиле за 46%, велат од СДСМ. „Од 3.388 гласа освоени за градоначалник во 2025 година сега кандидатот на ВМРО, Стојанчо Радичевски освил 2.944 гласа. Тоа е …
Continue Reading
(Видео) ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот е 31,17 отсто, поднесени седум приговори
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 15 часот изнесува 31,17 отсто, а своето право на глас го оствариле 5.064 граѓани запишани во избирачкиот список, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска Алексовска. Според податоците од сите 24 избирачки места во општината, гласањето се одвива непречено, без забележани потешкотии, соопшти Тодоровска Алексовска на прес-конференција. Во …
Continue Reading
Во Брвеница до 11 часот гласале 1.480 граѓани
На предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 11 часот излезноста изнесува 9,11 проценти, односно гласале 1.480 избирачи. Податоците ги соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, кој денеска заедно со уште четворица членови на Комисијата обиколи шест избирачки места. Според Маричиќ, гласањето се одвива непречено, без посериозни проблеми. Избирачките места биле отворени навреме, во 7 часот, …
Continue Reading
(Видео) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 граѓани
Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 9 часот изнесува 2,46 отсто, односно своето право на глас го оствариле 400 граѓани, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска Алексовска. „Излезноста на гласачите е 2,46 отсто, или вкупниот број на граѓани кои го оствариле своето право на глас во овој период е 400 гласачи“, изјави Тодоровска …
Continue Reading