Изборен ден во Брвеница: 16.256 граѓани со право на глас избираат градоначалник
Жителите на Општина Брвеница денеска гласаат на предвремени локални избори за избор на градоначалник. Избирачките места се отворени од 7 часот, а гласањето ќе трае до 19 часот. Во Избирачкиот список се евидентирани 16.256 граѓани со право на глас од десетте населени места во општината. Од нив, 449 се на привремена работа во странство, додека девет избирачи се наоѓаат во …
Continue Reading
Народниот правобранител ќе биде достапен за пријавување повреди на избирачкото право во Брвеница
Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде отворена од 7 до 19 часот. Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивното избирачко право. Пријавите ќе може да се поднесуваат лично во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082. „Народниот правобранител ќе ги штити правата на …
Continue Reading
Во Брвеница гласале 85 од 88 болни и немоќни лица, како и седум од девет затвореници и притвореници, соопшти ДИК
Од вкупно 88 болни и немоќни лица, досега 85 го оствариле своето право на глас, информира Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на досега пристигнатите информации. Од вкупно девет лица запишани во Избирачкиот список кои издржуваат затворска казна или се во притвор, досега гласале седуммина. Гласањето на овие лица се спроведува во три казнено-поправни установи на територијата на Македонија, во …
Continue Reading
Во Брвеница утре се бира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат на предвремените локални избори за избор на градоначалник, а денеска своето избирачко право го остваруваат болните и изнемоштените лица. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 88 болни и изнемоштени лица. Во Избирачкиот список за десетте населени места во општината се запишани вкупно 16.256 избирачи. Од нив, 449 се …
Continue Reading
Мицкоски: Од навредите кои Филипче ги упати од Брвеница, гледаме дека имаме работа со личност која го загубила разумот, со предавник кој може да ги продаде и државните интереси
На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски кој истакна дека навредите кои Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот и како што кажа, предавник кој може да ги продаде и државните интереси. „Изборот на овие избори за Брвеница е помеѓу сигурна иднина …
Continue Reading
Мицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме
„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг …
Continue Reading
(Видео) Скопјани по 30 години чекање ќе го добијат целосно завршен, модерен и безбеден булеварот „Борис Трајковски“, најави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. – За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор …
Continue Reading
(Видео) Серафимовски: Охридското Езеро порибено со 6,5 тони пастрмка, годишниот план е надминат за 1,6 тони
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при посетата на Хидробиолошкиот институт во Охрид соопшти дека со денешното пуштање на 100.000 единки охридска пастрмка, порибувањето на езерото за 2026 година заврши со вкупно 6,5 тони одгледан подмладок, односно за 1,6 тони над планираните 4,9 тони. „Потпишан е договор со Хидробиолошкиот институт и за следниот циклус на вештачки мрест и …
Continue Reading
Утре без вода неколку скопски улици
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре, 17.10.2026 година ( сабота ) поради промена на затворач ф-100 на ул. Миладин Поповиќ 15, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Миладин Поповиќ и дел од следните улици: Орце Николов, Бул.Илинден, Никола Тесла и Мирка Гинова. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Continue Reading