Вчерашниот изборен ден во Брвеница заврши со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат. Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Тој кажа дека опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоиле помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ.
„Разговорите со граѓаните, искрените средби, подадената рака и поддршката што ја добиваме во сите населени места се најголемата вредност на овој изборен процес. И токму тие моменти ни даваат дополнителна сила и мотив да продолжиме уште попосветено. Почитувани граѓани, резултатот од првиот круг е јасен показател за довербата што граѓаните му ја дадоа на нашиот кандидат. Ова е признание за вложениот труд, за непосредниот пристап кон граѓаните и за искрената желба, Брвеница да продолжи да се развива. Пред нас е вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 1 ноември. Во него влегуваме со голема предност, со позитивна енергија, со уште поголема мотивација и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба“, рече Ковачки.
Тој додаде дека очекува убедлива победа во вториот изборен круг и избор на Стојанчо Радичевски за градоначалник на општина Брвеница.