По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција. Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, има за цел да обезбеди современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот, соопштија од Министерството. Спортската сала се …
Continue Reading
(Видео) Радески: Резулатот од изборите покажува дека се намалува поддршката на власта
Резулатот од изборите покажува дека на власта и се намалува поддршката, а се зголемува поддршката на опозицијата и тоа е тренд, изјави Јовица Радески, кандидат за градоначалник на Општина Брвеница од СДСМ. „Во споредба со минатите избори за градоначалник ВМРО има пад од над 13 проценти а СДСМ има раст од 46 проценти. Кога ќе се додадат гласовите на ЗНАМ …
Continue Reading
Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти во Општина Карпош
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговараа за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината. „Преку двата повици што веќе се активни, поддршката за Општина Карпош од страна на Владата е околу 11 милиони евра, од кои …
Continue Reading
Есенска дератизација во Општина Кисела Вода
Редовна есенска дератизација се спроведува на територијата на општина Кисела Вода. Активностите ги изведува специјализираната фирма „Токсивет“ и со нив ќе бидат опфатени преку 2000 шахти, извести Општината. Процесот на дератизација ќе ги опфати сите месни и урбани заедници, со цел превенција, системско уништување на штетните глодари и заштита на здравјето на жителите. Согласно програмата на Секторот за комунални работи, …
Continue Reading
Без вода дел од Карпош и Морани
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека поради дефект на шибер на улицата Соле Стојчев 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Соле Стојчев, улицата Желево и дел од улицата Волгоградска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Исто така од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека поради уличен дефект ф-80 мм …
Continue Reading
(Видео) Левица: Аеродром заслужува чиста општина, а не чиста пропаганда
„Додека ПР тимот на ДПМНЕ објавува фотографии и приказни за чист и уреден Аеродром, реалноста на терен е сосема поинаква. Дивата депонија кај последна 5-ка ја руши сликата која градоначалникот Митески се обидува да ѝ ја наметне на јавноста“, велат од Левица Аеродром. „Дополнително загрижува фактот што во буџетот на Општина Аеродром за 2026 година нема предвидено средства за чистење …
Continue Reading
Без струја денеска делови од општините Гази Баба и Илинден
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат следните корисници: · Поради работа во ТС Синѓелиќ 2 без напојување ке останат дел од корисниците на ул Палмиро Тољати-Синѓелиќ од 08.00-14.30 часот, општина Гази Баба; · Поради реконструкција на НН мрежа без напојување ќе останат дел од корисниците на улицата Среќко Пужалка од …
Continue Reading
„Розов октомври“ во Карпош: Едукација за важноста на раното откривање на ракот на дојката
Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје. На почетокот на настанот, присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ја истакна важноста на здравствената едукација и превенцијата, нагласувајќи дека Општината и во иднина …
Continue Reading
ДИК ги објави првичните официјални резултати за Брвеница: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 38,89 отсто од гласовите
Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница . Врз основа на податоците од доставените оригинални записници од избирачките одбори и Општинската изборна комисија, ДИК утврди дека од вкупно 16.256 запишани гласачи во заклучениот Избирачки список, правото на глас го оствариле 7.572 граѓани, односно 46,58%. Вкупниот број на важечки ливчиња изнесува 7.411, …
Continue Reading