Џејмс Камерон нема да снима филм за „Оушнгејт“

Оскаровскиот режисер Џејмс Камерон, се чини, се соочи со лажни гласини дека снима филм за трагичната експлозија на туристичката подморница „Титан“ каде што загинаа сите пет лица за време на подводното патување до потонатиот брод „Титаник“. Тој деновиве ги отфрли наводите дека бил вклучен во разработката на филм за експедицијата „Оушнгејт“. „Обично не одговарам на навредливи гласини во медиумите, но …

Continue Reading

Тејлор Свифт со нов албум и нов рекорд на „Билборд“

 – Тејлор Свифт е првата жена изведувачка со најмногу бр. 1 албуми на топ-10 листата на списанието „Билборд“ во историјата. Музичката ѕвезда тоа го постигна со својот 12. албум на оваа листа – „Speak Now (Taylor’s Version)“ (инаку 13-ти албум воопшто). Со тоа новата „поп-кралица“ го надмина рекордот на Барбара Стрејсенд кај пејачките. Говорејќи за машките уметници, Џеј Зи и Битлси …

Continue Reading

Се разведува Софија Вергара

Колумбиската глумица Софија Вергара и нејзиниот пет години помлад избраник од САД – Џо Манганело, се разделуваат по седум години брак. Во заедничка изјава вчера, холивудските ѕвезди побараа обожавателите и медиумите да ја почитуваат нивната приватност. „Ние ја донесовме таа тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, ние во …

Continue Reading

Официјално објавена причината за смртта на Лиза Мери Присли

Причината за смртта на американската пејачка Лиза Мери Присли е официјално потврдена. Имено, во јануари таа претрпела срцев удар во својот дом, по што била префрлена во болница и таму починала. Според извештајот на Округот Лос Анџелес, смртта на пејачката била предизвикана од опструкција на тенкото црево. Тоа, пак, е последица од израстоци што настанале по операцијата за слабеење од …

Continue Reading

Ники Минаж вознемирена од лажните „Дипфејк“ видеа каде што е во врска со Том Холанд

Американската музичарка Ники Минаж изреагира на лажните „Дипфејк“ видеоснимки што се шират на интернет и каде што со глумецот Том Холанд се прикажани како љубовна двојка. „Само што се вративме од меден месец“, вели лажниот Холанд, облечен во тропска кошула и бермуди. Лажната Минаж, облечена во иста облека, додава: „Том ги спушти торбите и јас веднаш почнав да го следам“. …

Continue Reading

Серија за супермоделите од 90-тите и случувањата зад модната писта

Документарна серија „Супермодели“ ќе се прикажува оваа есен. Како што посочува и насловот, се работи за низа ексклузивни интервјуа со супермоделки кои ќе проговорат што се случува на модната писта, но и зад неа. Во документарецот на „Епл ТВ плус“ ќе учествуваат Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Кристи Тарлингтон. Режисерка е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грезер …

Continue Reading

Халанд на ревија на „Долче и Габана“ во сино одело и по влечки

Ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд присуствуваше на модната ревија на брендот „Долче и Габана“ во областа Пуља во источна Италија, па за таа пригода облече прилично впечатлива комбинација што предизвика бројни коментари. Норвешкиот фудбалер пристигна на ревијата со својата девојка Изабел Јохансен, а оделото во бледосината боја на неговиот клуб, беше „дополнето“ со бели влечки и очила за сонце. …

Continue Reading

„Следоред“ со рекордни 27 номинации за годинашните „Еми“ награди

Драмата на „Ејч-би-о“, „Следоред“ (Succession), води по бројот на номинации за телевизиските „Еми“ награди, со 27 можности за одличје за својата последна сезона. Toa e рекорд како број на номинации во една година. Досега двапати прогласена за најдобра драма, приказната за битката за контрола на медиумската империја на едно семејство, се натпреварува покрај апокалиптичната „Последните од нас“ (The Last of …

Continue Reading

Том Холанд шест месеци трезен

Глумецот Том Холанд (27) на почетокот на оваа година сфатил дека има проблем со алкохолот, и тоа по еден интернет-предизвик. Во емисијата „On Purpose“ на Џеј Шети, имено, ѕвездата на „Спајдермен“ открива дека ја осознал својата зависност кога се обврзал да не пие еден месец во рамки на друштвената игра „Сув јануари“. Потоа, вели, мислел само на пиење. – Се …

Continue Reading