Кевин Костнер ја избрка сопругата од нивниот дом

Судските власти во САД ѝ наложија на сопругата на Кевин Костнер од која се разведува, Кристин Баумгартнер, да се исели од нивната семејна куќа. Таа треба да се исели од луксузниот дом во Санта Барбара, Калифорнија, до 31 јули, а Судот ја донесе одлуката врз основа на нивниот претходно потпишан предбрачен договор. Откако Баумгартнер минатиот месец поднесе барање за развод, …

Continue Reading

Загревање за Weekend.16 – Славој Жижек повторно вети дека ќе дојде во Ровињ

Во пресрет на 16-тото издание на најдобрата регионална конференција, голем број љубители на Weekend Media Festival се собраа во ресторанот But во центарот на Загреб на загревање за новото издание на фестивалот, кое и годинава, од 21 до 24 септември, ќе го собере и презентира најдоброто од домашната и регионалната комуникациска, маркетинг, медиумска и креативна индустрија. Многубројни познати и помалку …

Continue Reading

Почина кинеско-американската музичарка Коко Ли, номинирана за „Оскар“

Коко Ли, пејачката од Хонг Конг, чија песна од филмот „Притаен тигар и скриен змеј“ беше номинирана за „Оскар“, почина вчера на 48-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. „Коко страдаше од депресија неколку години, но нејзината состојба драстично се влоши последниве неколку месеци. Иако Коко побара стручна помош и се бореше со депресијата најдобро што можеше, демонот во неа за жал …

Continue Reading

Завршува серијата „Сексуално образование“ – четврттата сезона е и последна

Познатата тинејџерска хумористична серија „Сексуално образование“ (Sex education) се ближи кон својот крај. Имено, четвртата сезона ќе биде и последна, а премиерно ќе се прикажува од 21 септември годинава, откри вчера Нетфликс. Во кусата видеонајава за претстојните епизоди, го гледаме главниот лик Отис Милбурн, незваничен секс-терапевт кого го глуми Аса Батерфилд, како држи говор пред група ученици и несмасно открива …

Continue Reading

Актерот Стрезо Стаматовски вели: „Не е мамено“. Му веруваме?

Сите што налетале на некоја епизода или кратко видео од серијата ТВ Такси 28 знаат кој е таксистот Стезо. Тоа е оној препознатлив наш народен сезнајко, херој од маало, лик кој секогаш има идеја за решение на секој еден проблем. Сите познаваме по еден таков кој што ти доаѓа дома и ти поставува електрична и водоводна инсталација, а во паузата …

Continue Reading

Со концерт на „Ју-ту“ во септември се отвора најмодерната концертна сала во Лас Вегас

Технолошко-забавните компании „МСГ“ и „Сфер ентертејнмент“ почнаа со тестирање на салата „Сфер“, што ќе има 17.600 седишта и најсофистицирани концертни ефекти. @LasVegasLocally First animation of the MSG Sphere this morning. This is going to be the coolest building in the world. pic.twitter.com/oq8sxZYOrv — Michel (@MichelR3764150) July 1, 2023 Изградбата на куполата почна во 2019 година, а пандемијата и технолошката сложеност …

Continue Reading

Даниел Редклиф нема да глуми во новата серија „Хари Потер“

Ѕвездата од серијалот филмови „Хари Потер“, Даниел Редклиф изјави дека нема да глуми во претстојната серија за познатото дете-волшебник. Иако многумина посакуваа Даниел да го глуми таткото на Хари во новиот проект, тој изјави за „Комикбук“ дека нема планови тој да се појави во ТВ-серијата, бидејќи тимот што стои зад неа сака таа да биде различна од филмовите. – Од …

Continue Reading

Кевин Костнер го ограничи пристапот на поранешната сопруга до неговите пари

Кевин Костнер го намалил кредитниот лимит на неговата поранешна сопруга на 30.000 долари откако открил дека таа му потрошила 100.000 долари за правни и сметководствени услуги, според наводите во судските документи. Костнер изјави дека бил принуден да ѝ го ограничи пристапот на Кристин Баумгартнер до неговите кредитни картички откако открил дека таа ги користела парите за да плати 45.000 долари …

Continue Reading

Ријана е првата пејачка со 10 песни со милијарда прегледи на „Спотифај“

Иако минаа седум и пол години откако Ријана го издаде последниот албум „Anti“, таа повторно соборува рекорди. Имено, таа стана првата пејачка со 10 песни што достигнале милијарда прегледи на стрим-платформата „Спотифај“, а со тоа достигнување се пофали на својот интернет-простор. Ријана ја прослави веста со потписот „Bad Gal billi“ што е сленг-израз за „лошата девојка милијарда“ бидејќи на својот …

Continue Reading