Грета Гервиг во мигов не планира продолжение на „Барби“

Режисерката Грета Гервиг во интервју за „Њујорк тајмс“ открива дека во мигов не планира продолжение на филмот „Барби“. – Така се чувствувам на крајот од секој филм – како никогаш да не би имала друга идеја и сè што некогаш сум сакала да правам, сум направила. Не би сакала да уништам ничиј сон, но за мене ова значи дека можноста …

Continue Reading

Мик Џегер утре го слави својот 80. роденден

Можеби една од најстарите британски рок-ѕвезди, Мик Џегер утре го слави својот 80. роденден, но се чини, фронтменот на „Ролинг стоунс“ не покажува знаци на стареење или забавување. Тој има намера да го прослави роденденот со голема забава во југозападен Лондон. Тој неодамна беше на турнеја низ Европа по повод 60-годишнината на бендот. Со песни како „Jumpin’ Jack Flash“, „Gimme …

Continue Reading

Долф Лундгрен се ожени вторпат

Познатиот шведско-американски глумец од акционите филмови, Долф Лундгрен се ожени со својата 39 години помлада девојка, Норвежанката Ема Крокдал. Во заедничка изјава за медиумите, двојката сподели како решиле да се венчаат на грчкиот остров Миконос, каде што имаат и своја вила и свадбата била скромна – само со семејството и неколку најблиски пријатели. – Поради пандемијата и болничкото лекување, моравме …

Continue Reading

Се сврши Рене Зелвегер

– Познатата глумица Рене Зелвегер се сврши со своето момче, 10 години помладиот ТВ-водител Ант Анстед. Извор за „Сан“ (The Sun) вели дека двојката ги држи своите планови подалеку од очите на јавноста и дека не планираат „голема врева“ околу тоа. Оскаровката и Ант (44) се во врска од 2021 година. Таа, наводно, им кажала на пријателите дека веќе ја планираат …

Continue Reading

Џејмс Камерон нема да снима филм за „Оушнгејт“

Оскаровскиот режисер Џејмс Камерон, се чини, се соочи со лажни гласини дека снима филм за трагичната експлозија на туристичката подморница „Титан“ каде што загинаа сите пет лица за време на подводното патување до потонатиот брод „Титаник“. Тој деновиве ги отфрли наводите дека бил вклучен во разработката на филм за експедицијата „Оушнгејт“. „Обично не одговарам на навредливи гласини во медиумите, но …

Continue Reading

Тејлор Свифт со нов албум и нов рекорд на „Билборд“

 – Тејлор Свифт е првата жена изведувачка со најмногу бр. 1 албуми на топ-10 листата на списанието „Билборд“ во историјата. Музичката ѕвезда тоа го постигна со својот 12. албум на оваа листа – „Speak Now (Taylor’s Version)“ (инаку 13-ти албум воопшто). Со тоа новата „поп-кралица“ го надмина рекордот на Барбара Стрејсенд кај пејачките. Говорејќи за машките уметници, Џеј Зи и Битлси …

Continue Reading

Се разведува Софија Вергара

Колумбиската глумица Софија Вергара и нејзиниот пет години помлад избраник од САД – Џо Манганело, се разделуваат по седум години брак. Во заедничка изјава вчера, холивудските ѕвезди побараа обожавателите и медиумите да ја почитуваат нивната приватност. „Ние ја донесовме таа тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, ние во …

Continue Reading

Официјално објавена причината за смртта на Лиза Мери Присли

Причината за смртта на американската пејачка Лиза Мери Присли е официјално потврдена. Имено, во јануари таа претрпела срцев удар во својот дом, по што била префрлена во болница и таму починала. Според извештајот на Округот Лос Анџелес, смртта на пејачката била предизвикана од опструкција на тенкото црево. Тоа, пак, е последица од израстоци што настанале по операцијата за слабеење од …

Continue Reading

Ники Минаж вознемирена од лажните „Дипфејк“ видеа каде што е во врска со Том Холанд

Американската музичарка Ники Минаж изреагира на лажните „Дипфејк“ видеоснимки што се шират на интернет и каде што со глумецот Том Холанд се прикажани како љубовна двојка. „Само што се вративме од меден месец“, вели лажниот Холанд, облечен во тропска кошула и бермуди. Лажната Минаж, облечена во иста облека, додава: „Том ги спушти торбите и јас веднаш почнав да го следам“. …

Continue Reading