Се разведува Софија Вергара

sofija vergara
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Колумбиската глумица Софија Вергара и нејзиниот пет години помлад избраник од САД – Џо Манганело, се разделуваат по седум години брак. Во заедничка изјава вчера, холивудските ѕвезди побараа обожавателите и медиумите да ја почитуваат нивната приватност.

„Ние ја донесовме таа тешка одлука да се разведеме. Како двајца луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, ние во овој миг учтиво бараме почитување на нашата приватност додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, се вели во известувањето.



Вергара е позната по филмовите „Четворица браќа“ (2005), „Жешка потера“ „Џокер“ (2015), ТВ-серијата „Модерно семејство“, од 2020 година е дел од жирито на музичката натпреварувачка емисија „Америка има талент“, а годинава ќе глуми и во комедијата „Улични кучиња“ (Strays).

Манганело (46), можеби најпознат по улогите во „Магичниот Мајк“, „Подивување: Тотален хаос“ и други холивудски филмови, e автор и на книгата „Еволуција“ (Evolution).

Тие двајцата се венчаа во Палм Бич, Флорида, САД, на 22 ноември 2015 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK