Мајкл Даглас ja доби почеснaта „Златна палма“ во Кан

Американскиот глумец Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на 76. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Претставувајќи го Даглас, неговата колешка, глумицата Ума Турман го опиша како „еден и единствен – и како продуцент, и како легендарна филмска ѕвезда“. – Ова ми значи многу, бидејќи има толку многу фестивали ширум светот, но има само еден Кан!, рече …

Continue Reading

Тејлор Свифт сликана со ново момче

Откако пejaчката Тејлор Свифт раскина со долгогодишното момче Џо Алвин, продолжуваат гласините за тоа која е нејзината нова љубов, а се чини дека таа веќе веројатно и не ја крие својата љубов. Имено, поп-ѕвездата е снимена како го напушта студиото „Електрик лејди“ во Њујорк со британскиот музичар Мети Хили – насмеана. Папараците ги снимиле доцна навечер, а музичарите побрзале до …

Continue Reading

Катрин Денев официјално го отвори 76. Кански филмски фестивал

 – Актерката Катрин Данев вечерва официјално го прогласи за отворен 76. Кански филмски фестивал на свеченост што ја водеше нејзината ќерка, глумицата Кјара Мастројани. „Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Данев, легендата на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена почесната Златна палма. Денев …

Continue Reading

Документарeцoт за Клеопатра на Нетфликс со рекордно ниски оценки

Документарната мини-серија „Кралицата Клеопатра“ (Queen Cleopatra) на Нетфликс добива рекордно ниски оценки, покрај лошите критики кои ја следат уште по најавата на серијата. Остварувањето се појави на Нетфликс на 10 мај. На интернет-страницата за оценување телевизиски и киноостварувања, „Ротен томатос“, 10 отсто од критиката и само два насто од гледачите го препорачуваат документарецот. На Семрежната база на филмски податоци – …

Continue Reading

Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан

Меѓународниот филмски фестивал во Кан почнува денеска, со црвен тепих на којшто ќе зачекорат бројни ѕвезди, меѓу кои Харисон Форд, Џони Деп и Натали Портман. Во трката за „Златна палма“ се натпреваруваат 21 филм. Швеѓанецот Рубен Остлунд, минатогодишен добитник на главната награда за филмот „Без филтер“, годинава е претседател на жирито. Заштитно лице на годинашното, 76. издание на Фестивалот е …

Continue Reading

Род Стјуарт доби внук

Род Стјуарт стана дедо и доби внук. Неговиот син Лијам објави дека тој и неговата партнерка, Хрватката Никол Артуковиќ – станале родители на машко дете. Таткото објави фотографија од новородениот син со натпис „Добродојде, момче“. Притоа откри и дека бебето, по име Луј Марк Родерик Стјуарт, има американски, британски, новозеландски и хрватски корени. Никол Артуковиќ, која има хрватско потекло, чето …

Continue Reading

Слики од книгата „Секс“ на Мадона одат на наддавање

Слики од популарната книга „Секс“ на американската пејачка Мадона оваа есен првпат ќе бидат понудени во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, како дел од прославата на 30-годишнината од објавувањето на контроверзното дело. – И 30 години подоцна, „Сексот“ сè уште е, донекаде, контроверзна книга, но сепак – го поттикнува прифаќањето на телото и сексот… Повеќе од 40 ретки фотографии, потпишани …

Continue Reading

Зеленски доби забрана за говор на Евровизија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да смее да се обрати на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија бидејќи Европската радиодифузна унија (ЕБУ) смета дека тоа би го политизирало настанот. Организаторите го одбија барањето на Зеленски да зборува на последната вечер на панконтиненталниот музички натпревар во сабота. Во видео обраќање се очекуваше тој да го повика светот да ја продолжи својата …

Continue Reading

Одржано второто полуфинале на Евровизија

Во Ливерпул синоќа се одржа второто полуфинале на 67. издание на Изборот на песна на Евровизија, па познати се последните 10 земји учеснички во Големото финале в сабота. Така, натпреварувањето што годинава се одржува во Велика Британија го продолжуваат Албанија, претставена од Албина и „Фамиља Келменди“ со „Duje“, како и „Џокер аут“ од Словенија со песната „Carpe Diem“. Во финалето …

Continue Reading