Род Стјуарт доби внук

rod-stjuard
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Род Стјуарт стана дедо и доби внук. Неговиот син Лијам објави дека тој и неговата партнерка, Хрватката Никол Артуковиќ – станале родители на машко дете.







Таткото објави фотографија од новородениот син со натпис „Добродојде, момче“. Притоа откри и дека бебето, по име Луј Марк Родерик Стјуарт, има американски, британски, новозеландски и хрватски корени.

Никол Артуковиќ, која има хрватско потекло, чето летува во дубровничката област, од каде, како што претходно откри на Инстаграм, нејзините баба и дедо избегале во Америка во 1953 година.

Бебето на Лијам и Никол се родило на почетокот на годинава. Род сега има два внуци, со трето на пат… Неговата ќерка Кимберли роди девојче во 2011 година, а неговата втора ќерка Руби исто така откри дека е бремена во јануари оваа година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK