Мајкл Даглас ja доби почеснaта „Златна палма“ во Кан

даглас
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот глумец Мајкл Даглас ја доби почесната „Златна палма“ на отворањето на 76. издание на Филмскиот фестивал во Кан. Претставувајќи го Даглас, неговата колешка, глумицата Ума Турман го опиша како „еден и единствен – и како продуцент, и како легендарна филмска ѕвезда“.







– Ова ми значи многу, бидејќи има толку многу фестивали ширум светот, но има само еден Кан!, рече 78-годишниот глумец, оценувајќи ја наградата како – неверојатна чест.

Коментирајќи го фактот дека е „постар од фестивалот“, Даглас се осврна на својата кариера и кариерата на неговите соработници во филмската индустрија. Тој на настанот пристигна со својата сопруга Кетрин Зета-Џонс.

За време на свеченото отворање на Фестивалот, Кјара Мастројани рече: – Смислата на овој Фестивал беше и останува да ја евоцира нашата слобода… Да ја изразиме силата и кревкоста на нашето постоење. Таа како водителка го поздрави жирито, предводено од Рубен Остлунд.

Настанот го отвори филмот „Жан ду Бери“ (Jeanne du Barry) – драма сместена во 18. век, на француската режисерка Мајвен, за кралот Луј Петнаесетти кој се вљубил во проститутката Мари-Жан Бека. Џони Деп ги глуми монархот, а Мајвен – Бека.

Фестивалот на француската ривиера, ќе трае до 27 мај, и вклучува мноштво први прикажувања, вклучувајќи ги новиот „Индијана Џонс“ филм денеска, што ќе биде петтиот дел од серијалот и последен во којшто ќе глуми Харисон Форд како славниот археолог. В сабота ќе биде прикажан најновиот филм на Мартин Скорсезе – „Убијците на цветната месечина“ (Killers of the Flower Moon) со Леонардо ди Каприо и Роберт де Ниро во главните улоги. Истиот ден посетителите ќе можат да ги погледнат Натали Портман и Џулијан Мур во филмот на Тод Хејнс – „Мај, декември“.

Тоа се само дел од 21 филм коишто се натпреваруваат за „Златна палма“.

Меѓу режисерите има седум жени – најмногу досега, а во списокот номинирани се уште неколку досегашни лауреати – двократниот победник од Велика Британија, Кен Лоуч, како Јапонецот Хироказу Коре-едо и Германецот Вим Вендерс…

На чело на жирито е минатогодишниот добитник, Швеѓанецот Рубен Остлунд („Триаголник на тагата“), а членови се и холивудските ѕвезди Бри Ларсон и Пол Дејно. Околу илјада полицајци и чувари работат на фестивалот поради страв од политички мотивираните протести во Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK