Џорџа Мелони во пародија на „Барби“

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони и вицепремиерот Матео Салвини се во главни улоги во нова „дипфејк“ пародија на филмот „Барби“. Во кусото хит-видео што трае помалку од две минути, Мелони е „Барбиката“, а Салвини е Кен. Се појавуваат и други политички фигури од Апенинскиот Полуостров. Разговорот е преземен од филмот. Видеото е направено со помош на вештачка интелигенција и „дипфејк“ …

Continue Reading

„Кајмак“ ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал и на уште четири фестивали

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски на 17 август ќе биде прикажан на 29. Сараевски филм фестивал во програмата „Open Air“, каде што ќе присуствува и дел филмската екипа.  „Open Air“ ќе се одржи под отворено небо во Стари Град (Вијеќница), а филмовите, како што велат организаторите, ќе бидат прикажани на најголемото филмско платно во регионот. Покрај најновото дело на Манчевски, …

Continue Reading

,,Љубовната соба“ во официјална селекција на 30. издание на романскиот филмски фестивал Астра

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, „Сузи Кју“ продукција и „Аворд филм и видео“ е избран во официјалната селекција на 30-тото издание на филмскиот фестивал Астра, кој ќе се одржи во Романија, во трансилванскиот град Сибиу од 15 до 22 октомври. Филмскиот фестивал Астра, кој е основан …

Continue Reading

Фестивалот на краток филм „Drim Short“ од 14 до 17 август во Струга

Под мотото „Неопходна убавина“ од 14 до 17 август во Струга ќе се одржи 7. издание на Фестивалот на краток филм „Drim Short 2023“. Програмата, како што најави организаторот, и годинава ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, интернационална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“, во селекција на режисерот Иван Бакрач. …

Continue Reading

Гран при награда за филмот „Заедно, сами“ на турскиот режисер Касим Ордек на 4. Галичник филм фестивал

Со синоќешното прогласување на добитниците на наградите за краткометражни филмови во три натпреварувачки категории, свечено беше затворен 4. Галичник филм фестивал. Бројната публика  уживаше во 33 краткометражни филмови од различни земји, кои може да се видат од 4 до 6 август. За организаторте Дарма филм, оваа година фестивалските денови  беа уште побогати со содржини,  зголемен интерес од регионот и пошироко …

Continue Reading

Филмот „Барби“ заработи над милијарда долари

Филмот „Барби“ заработи над милијарда долари од продажбата на билети во САД и ширум светот за околу две недели, објави вчера Ворнер Брос. – Како главни дистрибутитери, често и не остануваме без зборови од изведбата на филмот, но ‘Барбилион’ ги надмина дури и нашите најоптимистички предвидувања, изјави Џеф Голдстин, одг одговорен за домашната дистрибуција на „Ворнер брос“. Студиото објави дека …

Continue Reading

Златна потковица на „Астерфест“ за данскиот филм „Ивалу“

Најдобар филм на 18.издание на Филмскиот фестивал „Астерфест“ е „Ивалу“ на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска, кој го доби фестивалското гран при – Златната потковица. Сребрената потоковица ја доби филмот „Еж“ на авторот Д. Митри од САД, а бронзената му е доделена на „Штипење“ на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија. Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ …

Continue Reading

Почнува Галичник филм фестивал

Под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“ вечер почнува четвртото издание на Галичник филм фестивалот, што ќе трае до недела, 6 август. Свеченото отворање на фестивалот е вечер, во 19.45 часот, во стариот амфитеатар на Упија. Овој викенд ќе бидат прикажани краткометражни филмови од целиот свет. Годинашната официјална селекција ја сочинуваат 33 краткометражни филмови од категориите на играни краткометражни филмови, …

Continue Reading

Галичник филм фестивал по четврти пат: Вдишете ја магијата на филмот!

Денес на 4 август започнува четвртото издание на Галичник филм фестивалот кој ќе трае до недела, 6 август. Свеченото отварање е во 19.45 часот во стариот амфитеатар на Упија, каде што под мотото „Вдишете ја магијата на филмот“,  овој викенд ќе бидат прикажани краткометражни филмови од целиот свет. Овогодинешната официјална селекција ја сочинуваат 33 краткометражни филмови од категориите на играни …

Continue Reading