(Фотогалерија) Скопје плаче: илјадници граѓани оддадоа почит за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани

Илјадници граѓани на Скопје излегоа за да изразат сочувство и почит за смртта на младите луѓе кои трагично го загубија животот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а преку транспарентите кои ги држеа во рацете, упатија и пораки против корупцијата.   „Лесно запалива држава“; Немаше да има крв ако се е по закон“; „Нивниот единствен грев е што беа родени во …

Continue Reading

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

Антонио Аргир, член на Управниот одбор на групацијата НЛБ, одговорен за управувањето, плаќањата и за иновациите во неа, во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески истакна неколку клучни ставови за Комората: Комората како двигател на економијата, Комората како партнер и предизвикувач на Владата и Комората како мост за квалитетно образование заради обезбедување стручен кадар. „Комората, која постои 103 …

Continue Reading

МВР: Активирана забрана за летање дронови над Кочани и Штип

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на градовите Кочани и Штип. Неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да …

Continue Reading

Пожарите во ноќни клубови од кои светот не научи лекција: заеднички им се пиротехника, пренатрупаност и изоставени безбедносни проверки

Трагичниот пожар во Македонија уште еднаш ги истакна смртоносните последици од неправилната употреба на пиротехничките средства во ноќните клубови, проблемот со непочитувањата на стандардите, корупцијата. Во текот на историјата слични трагедии однесоа илјадници животи, a сите водат кон истиот заклучок  – грешките продолжуваат да се повторуват, а владите, институциите, сопствениците на дискотеките, менаџерите на бендовите и организаторите на слични настани …

Continue Reading

За Кочани, со срце – МТЕЛ Македонија донира 3.000.000 денари и повикува на солидарност

Деновиве, Кочани минува низ тешки моменти. Семејства се соочуваат со загуби, домови се уништени, а целата заедница е погодена од оваа трагедија. Во вакви времиња, најголемата сила лежи во човечноста, солидарноста и заедничката поддршка. Како компанија што гради поврзаност и ја става заедницата во свјот фокус, МТЕЛ верува дека секој гест на добрина има моќ да направи разлика. Сега е …

Continue Reading

ЦЕФТА ја отвора вратата за раст на туристичкиот сектор во регионот

Новата одлука на ЦЕФТА претставува значаен чекор напред за туристичкиот сектор, овозможувајќи поедноставени регулативи за туристичките агенции и тур-оператори. Со оваа одлука, бизнисите ќе можат полесно да ги прошират своите услуги низ ЦЕФТА регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, без административни бариери. „Туризмот беше еден од приоритетните сектори каде што страните се согласија да ја зајакнат регулаторната соработка и да …

Continue Reading

Започнува натпреварот за најпосакуван автомобил во Македонија, „Златно тркало 2025“

Шеста година по ред македонската јавност ќе гласа за најпосакуваниот нов автомобил на изборот за Најпосакуван автомобил во Македонија „Златно тркало“. Овој национален избор се одржува во организација на најстариот автомобилски медиум во Македонија, Авто Плус, во соработка со ко-организаторите Carclub, CarsByVik и RPM.mk. Од денеска номинираните кандидати ќе конкурираат за титулата, а во конкуренција влегуваат возила кои се веќе …

Continue Reading

Кападокија – магична дестинација што освојува туристи од целиот свет

Кападокија станува една од најпопуларните туристички дестинации во Туркије, привлекувајќи посетители од сите страни на светот. Извонредниот спој на природни убавини, културно-историско наследство и автентична гастрономија го прави овој регион неодолив за туристите во текот на целата година. Позната по своите спектакуларни карпести формации, живописни долини и таинствени подземни градови, Кападокија нуди незаборавни искуства за љубителите на природата, историјата и …

Continue Reading

Инженерската институција на Македонија го прогласи 21 март за Ден на македонските инженери

Инженерската институција на Македонија, на 14-то Генерално собрание, го прогласи 21 март за Ден на македонските инженери. Оваа одлука Инженерската институција на Македонија ја донесе како наследник на традицијата за струково и еснафско организирање на инженерите од 1920 година. Годинава таа одбележува и 105 години од основање на првото македонско здружение на инженери. Според професор д-р Христина Спасевска, претседател на …

Continue Reading