Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните избори за градоначалници на општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, информира Државната изборна комисија. „Вкупно 249 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас на овие избори. Од нив, 146 лица се пријавени …

Continue Reading

Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците. „Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор …

Continue Reading

Променливо облачно време со температура до 6 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег.   Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди …

Continue Reading

Гаши-Филков: во фокусот Изборниот законик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариja работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која се разговараше за Изборниот законик. Договорено е до втората половина на јануари, Министерството за правда да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборен законик, а во која ќе бидат вклучени по двајца Претседателот …

Continue Reading

„Вреди“: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Коалицијата „реди“ објавува дека на изборите за Општина Гостивар на 11 јануари, нивен кандидат за градоначалник ќе биде Невзат Бејта. „Одлуката доаѓа по интерен процес на консултации и анкети со граѓаните на Гостивар, каде што Бејта убедливо резултираше како најдоверлив и најпосакуван избор. Граѓаните го ценеа неговото искуство, имплементираните проекти и позитивното влијание што го имаше за време на претходните …

Continue Reading

Демократската партија на Турците ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Центар Жупа

Демократската Партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека официјално ја поднела кандидатурата на Аријан Ибраим, за градоначалник на Општина Центар Жупа пред Државната изборна комисија, во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини. Од партијата наведуваат дека Центар Жупа со години е средина во која вложуваат труд, доверба и посветеност, а …

Continue Reading

Фатени со пари и список од врата до врата – двајца охриѓани пријавени за изборен поткуп

Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д. (50) и Ј.С. (44) од овој град, поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање. Според полицијата, на 19 октомври, за време на локалните избори, двајцата биле затекнати како се движат од куќа до куќа со пари и список што содржел лични податоци и адреси на жители со избирачко право …

Continue Reading

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните избори во октомври не беа избрани градоначалници поради недоволната излезност. „Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот …

Continue Reading

Утре почнува собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници во четири општини

Утре, 21 ноември 2025 година, започнува постапката за собирање потписи за кандидирање независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија. Потписите ќе се собираат пред службените лица во надлежните подрачни одделенија и канцеларии на ДИК, како и пред нотар, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Последниот ден, 30 …

Continue Reading