Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница


stojancho-radichevski-screenshot-2026-09-11-194131.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори, соопштија од партијата.


Како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатурата на Радичевски била едногласно изгласана на редовна седница на Извршниот комитет на партијата.

Радичевски е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.

„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на Општина Брвеница“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат убедлива победа на вонредните локални избори во Брвеница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK