Запленети над 6.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар

Вчера по преземени оперативно тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на ул.„192“ на подрачје на Бит Пазар во Скопје пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства. Известен е Јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

85-годишен маж измамен за сума од 5.000 евра: измамниците се претставиле дека работат во Кувајт

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од две лица за сума на пари од 5.000 евра. Според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра …

Continue Reading

Повеќе лица се повредени, меѓу нив и две деца: тешка сообраќајка меѓу три возила во Тетовско

Во СВР Тетово вчера во 10:35 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Желино-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П.(44) од с.Голема Лешница, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ.(40) од с.Добарце, тетовско, по што било удрено во паркирано патничко возило „јагуар“ со тетовски регистарски …

Continue Reading

Загина маж од Гостиварско: изгубил контрола и се превртел со тракторот

Вчера околу 15:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во с.Долна Бањица, гостиварско, М.К.(69) од с.Долна Бањица, управувајќи трактор „имт“ со приколка, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Од здобиените повреди, М.К. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош Гостивар, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, …

Continue Reading

Царинската управа: Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик, соопштија од Царинската управа. Делото, како …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Возел со 1,75 промили алкохол во крвта: уапсен 46-годишен маж од Кичево

Утрово во 04:00 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.Н.(46) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,75 промили алкохол во крвта, по …

Continue Reading

Уапсени романски државјани, фатени во кражба во златарница во Скопје

Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар. Имено, претходно, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола …

Continue Reading

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди. По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете …

Continue Reading

Со нож му го зеле велосипедот на дете во центарот на Скопје

Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот. Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading