Полицијата уапси пијан возач


615184109_1182791027364756_2307771511453784962_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на ноќта меѓу 25 и 26 април, во периодот од 21 до 03 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот спровела засилена акциска контрола на подрачјето на општините Кисела Вода, Илинден и Ѓорче Петров.


При контролата санкционирани биле осум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, додека две лица одбиле алкотестирање. Уште тројца возачи биле казнети за други сообраќајни прекршоци.

Едно лице било лишено од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување возило под дејство на алкохол со повеќе од 1,50 промили.

Од МВР најавија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а од Министерството апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK