Пукање и закани со пиштол во Ченто по претходен договор за средба


Depositphotos_205060370_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата истражува сериозен инцидент што се случил во скопската населба Ченто, каде по претходно договорена средба дошло до напад и употреба на огнено оружје.


Според пријавата, на 24 април 2026 година околу 23:00 часот, М.С. од Скопје во СВР Скопје пријавил дека околу 19:00 часот заедно со А.Т. и Р.Т. се сретнале со Н.С. и Е.Ќ.

По средбата, како што се наведува, Н.С. физички го нападнал М.С. и вперил пиштол кон него, но оружјето било закочено. Тројцата оштетени избегале од местото, но Е.Ќ. трчал по нив со тврд предмет.

Во текот на бегството, Н.С., кој бил во возило во движење, испукал куршум кон М.С., но не го погодил. Потоа, заедно со Е.Ќ., го напуштиле местото.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK