Две лица запалиле стари класери во објект на поранешен комбинат во Штип
Жител на Штип пријавил во полиција дека две лица предизвикале пожар во една од подрумските простории на зградата на поранешниот комбинат ЗИК „Црвена Ѕвезда“. Според информациите од МВР, лицата запалиле стари класери, по што го напуштиле местото на настанот. Во пожарот нема повредени лица, а интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, која успеала да го изгасне огнот. Полицијата презема …
Continue Reading
Скопјанец грабнат среде бел ден и однесен на автоплац во Карпош, па во Шишево – тешко повреден
Триесет и шестгодишен жител на скопско пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а потоа и грабнат и однесен на друга локација. Според информациите од МВР, Д.Е. пријавил дека околу 14 часот на подрачјето на Карпош, додека се движел со возило „мерцедес“, бил пресретнат од три патнички возила. Како што навел во пријавата, едно од лицата, Р.Б., физички го нападнало …
Continue Reading
Вандализам на гробиштата во Бутел, уништени 11 гробни места
Вработен во Градските гробишта Бутел вчера во 17 часот пријавил во СВР Скопје дека едно лице оштетило 11 гробни места. Според информациите од МВР, лицето со иницијали К.К. со метален предмет предизвикало оштетувања на гробните места. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Скопјанец спасен од давење во Вардар, очевидец го забележал и го извлекол од водите
Осумдесет и тригодишен скопјанец бил спасен од давење во реката Вардар на подрачјето на Карпош, соопшти МВР. Според пријавата, на 12 јуни околу 7 часот очевидец забележал машко лице кое се давело во реката и успеал да го извлече од водата. Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. На местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош, …
Continue Reading
Тешка сообраќајна несреќа на патот Љуботен – Радишани, повредени седум лица меѓу кои и деца
Три лица се здобиле со тешки повреди, а четворица малолетници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, управувано од 35-годишната Ф.М. од Љуботен, и патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од 20-годишниот А.Љ., исто така од Љуботен. Во возилото „мерцедес“ со …
Continue Reading
Судир меѓу автомобил и мотоцикл на булеварот Борис Трајковски, мотоциклистот тешко повреден
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу булеварот Борис Трајковски, улицата Трајко Иванов и сервисна улица во Скопје. Како што соопшти МВР, во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 65-годишниот А.А. од Скопје, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 37-годишниот Б.Л. од Скопје. Во судирот, мотоциклистот …
Continue Reading
Битолчанец осомничен за повеќекратно силување на 12-годишно девојче, се бара притвор
Обвинителството од Битола почна истрага против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава силувал 12 – годишно девојче. Контактот со детето бил воспоставен преку социјалните мрежи, каде што осомничениот и детето претходно се допишувале. Покрај делото силување, против 36-годишникот се води истрага и за прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, …
Continue Reading
И покрај изречените забрани дошол и се заканувал на сопругата и нејзините родители: Семејно насилство во Штип
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.В.(47) од Виница. Тој се сомничи за сторени кривични дела „неизвршување на судска одлука“ и „загрозување на сигурноста“. На 04.06.2026, пријавениот дошол во домот на родителите на неговата сопруга во Штип и откако одбила да разговара со него упатил закани на неговата сопруга и нивните родители со што ја прекршил судската решение на Основен …
Continue Reading
Без одобрение, во Трпејца си изградил семејна куќа на државно земјиште
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец. Тој се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Имено според полицијата, на катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
Continue Reading