Од МВР информираат дека е уапсен возач кој со возило мазда удрил пешак во Кичево. Исто така додаваат дека возилото е одземено, а ќе следува и кривична пријава.
-На 25.04.2026 околу 10:10 часот во Кичево, во близина на кружен тек на магистралниот пат кон Гостивар, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Х.(57) од Кичево затоа што управувајќи патничко возило „мазда“ со кичевски регистарски ознаки удрил во пешакот С.К.(60) од Кичево.