Пожар на поткровје во Центар: Две лица итно пренесени на Клиника, уште тројца побарале помош
Пет лица побарале лекарска помош поради вдишување чад откако ноќеска избувнал пожар во поткровје на зграда на подрачјето на скопската населба Центар. Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 26 јуни во 02:25 часот во СВР Скопје. При обид со противпожарни апарати да го изгаснат пожарот, Д.С. (54) и Б.А. (49), двајцата од Скопје, вдишале чад, по што биле …
Continue Reading
Приведен велешанец, нападнал 71-годишна жена и ѝ ја скршил влезната врата
Полицијата го приведе 31-годишниот П.Н. од Велес, по пријава дека физички нападнал 71-годишна велешанка и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 25 јуни во 18:55 часот. Пријавителката навела дека П.Н. дошол пред нејзиниот дом и ја побарал нејзината ќерка, која не била дома, по што физички ја нападнал пред и во …
Continue Reading
Жена тешко повредена откако паднала во автобус во Пржино
Шеесет и осумгодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус во населбата Пржино. Според информациите од МВР, на 25 јуни во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека Ј.С. (68) од Скопје паднала додека се превезувала во автобус на територија на населбата Пржино. Тешките телесни повреди биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. …
Continue Reading
Кривична пријава против поранешен градоначалник на Дебрца за несовесно работење во службата
Полицијата поднесе кривична пријава против З.Н. (60) од селото Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“. Според МВР, пријавениот, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор и несовесно постапување, односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда во сопственост на општината, …
Continue Reading
Возач со 1,51 промили алкохол удри во шест паркирани возила во Охрид
Полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 79-годишниот К.Р. од охридското село Коњско, откако претходно предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, а потоа го напуштил местото и продолжил да управува со возилото. Како што соопшти МВР, настанот се случил на 25 јуни околу 12:20 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде К.Р., управувајќи патнички …
Continue Reading
Приведен маж од Кочани, возел без возачка, а во возилото била пронајдена брендирана роба
Полицијата приведе 37-годишник од Кочани поради управување возило без возачка дозвола, а во неговото возило била пронајдена поголема количина брендирана роба. Според информациите на МВР, вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани. При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при …
Continue Reading
Тешко повреден велосипедист по удар од возило
Вчера околу 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“, на спојување од влез-излез од објект, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(33) од Скопје и велосипед управуван од М.М.(45) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е …
Continue Reading
Со четирицикл излетал од патот во Охридско: тешко повредена 16-годишна сопатничка
Синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата …
Continue Reading
Уапсен скопјанец – излажал дека е лекар од Италија и побарал 35.000 евра од повозрасна жена
Полицијата уапси скопјанец во Крива Паланка, се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра. Според информациите на МВР, вчера околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, …
Continue Reading