Приведен маж од Кочани, возел без возачка, а во возилото била пронајдена брендирана роба


lisici-policija-apsenje.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата приведе 37-годишник од Кочани поради управување возило без возачка дозвола, а во неговото возило била пронајдена поголема количина брендирана роба.


Според информациите на МВР, вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани.

При извршената контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола, а при преглед на возилото биле пронајдени 1.848 парчиња брендирана роба (маици, тренерки, шорцеви и дуксери).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK