Уапсена 23-годишна скопјанка: на интернет огласувала дека издава станови во Тетово, а телефонски ги убедувала да уплатат пари на сметка

По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас …

Continue Reading

Државјанин на Турција нападнат на Бит Пазар, му било оштетено и возилото

Полицијата во Скопје постапува по пријава на државјанин на Турција со престој во главниот град, кој пријавил дека бил пресретнат и физички нападнат на подрачјето на Бит Пазар. Како што соопшти СВР Скопје, според пријавеното, на 5 јануари околу 17:50 часот, бил пресретнат од лице со иницијали В.Ф. и уште едно лице, по што В.Ф. почнал да удира по неговото …

Continue Reading

На автопатот кај Гостивар: Платиле гориво со сомнителни 50 евра, па биле приведени

Двајца мажи биле приведени поради сомнеж за фалсификување на пари, откако на бензинска пумпа кај селото Жеровјане платиле со банкнота за која имало сомнеж дека е лажна. Се работи за С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Турција кои биле уапсени вчера на автопатот Гостивар–Тетово. Двајцата околу пладне со „цитроен“ дошле пред бензиската пумпа. Ставиле гориво и на вработениот му дале …

Continue Reading

Тешко повредени двајца млади лица во судир меѓу автомобил и трицикл во Скопје

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на булеварот „Србија“ во Скопје, тешко биле повредени две лица кои се превезувале со трицикл „томос“. Според информацијата од СВР Скопје, на 6 јануари 2026 година околу 21:50 часот било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „даихатсу“ со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ч. (63) од Прилеп, со престој во Скопје, …

Continue Reading

Патник од Турција ограбен во скопско такси кога ги извадил парите и прашал „колку кошта услугата“

Државјанин на Турција бил ограбен во такси возило. Според информацијата од полицијата, 27-годишниот А.Ј.Е. од Турција вчера пријавил дека заедно со сопругата се качиле во возилото пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Крајната дестинација им била Бит Пазар. Кога пристигнале, патникот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а …

Continue Reading

Објект никнал без одобрение во Охрид, реагираше полицијата

Поднесена е кривична пријава против Г.Л.(66) од охридското село Лескоец, поради бесправно градење. „Тој, без да добие соодветно правосилно градежно одобрение за градење, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, на катастарска парцела лоцирана во месноста „Дебело поле“ во близина на Охрид, бесправно изградил објект“, соопшти СВР Охрид.

Continue Reading

Оружје најдено на нива во струшко

Вчера во струшката полиција било пријавено дека во нива покрај локалниот пат меѓу струшките села Ливада и Корошишта бил пронајден пиштол марка „застава“, калибар 6.35 милиметри, како и пет куршуми. Увид на местото извршиле полициски екипи, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.

Continue Reading

Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје

Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од …

Continue Reading

Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот

Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading