Возач удрил во полицаец на Миладиновци и побегнал, бил уапсен на следната патарина
Полицијата вчера во 18:40 часот на наплатната станица Преод го приведе Б.П. (68) од Струмица. Како што информираат од МВР, околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, полициски службеници го сопреле Б.П., кој управувал патничко возило „Фиат Браво“ со струмички регистарски ознаки, со цел легитимирање. При обидот за легитимација, лицето го стартувало возилото и удрило полициски службеник, по што го …
Continue Reading
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки. При граничната контрола, утврдено …
Continue Reading
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот. Според досега утврденото, оштетувањето го …
Continue Reading
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството. „Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка. Додека оштетената ја подготвувала да ја …
Continue Reading
Истрага за полов напад и уцена на девојче во липковско
Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за 2 лица за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 2 во врска со став 1, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена согласно став 259 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството. „Првоосомничениот, спротивно на јасно изразена …
Continue Reading
18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од …
Continue Reading
18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница
СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје околу 11:30 часот, во која патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удри во Љ.Ј. (79) од Скопје, која почина од здобиените повреди, а возачот со возилото избега од местото на настанот, информираат …
Continue Reading
Четворица кавадарчани лишени од слобода оти украле ламинат од магацин
Четворица жители на Кавадарци, на возраст од 26 до 32 години, се лишени од слобода поради сомнение дека одзеле ламинат од магацин. „На 09.01.2026, во времето од 16:00 до 19:35 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.О.(32), И.С.(28), К.Ј.(26) и Ѓ.К.(26), сите од Кавадарци. Тие се сомничат дека од магацински простор, сопственост на правно лице од …
Continue Reading
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading