(Видео) Со полициски пресретнувач откриен мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, уапсен 27-годишник

Вчера во 16:20 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, кој се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина е 80 километри …

Continue Reading

Возило излетало од патот во Тетовско: тешко повредени возачот и сопатникот

На 15.10.2026 во 01:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- Јажинце, во с.Доброште, патничко возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот А.М. од с.Теарце, тетовско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник А.И. од с.Теарце, тетовско, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од …

Continue Reading

Измамен тетовец: за 2. 000 евра му ветувале документи и работа во станство

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.И.(54) од с.Боговиње, тетовско. Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот измамил 45-годишник за 2000 евра, ветувајќи му документи за престој и работа во странска држава. Откако оштетениот преку посредник ги предал парите на пријавениот, а документите не биле обезбедени, сфатил дека бил измамен.

Continue Reading

Ученици од Скопје нападнати во Охрид

Ученици од Скопје, кои биле заедно со нивните професори, биле нападнати во Охрид. Според информациите на МВР, вчера во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои во група, заедно со нивните професори, се движеле по улицата. Од полицијата велат дека се работи на целосно расчистување на настанот, …

Continue Reading

(Видео) Санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип, а снимката беше споделена на социјалните мрежи

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 22-годишниот С.К. од Штип. Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, …

Continue Reading

Кривична против полицаец: фалсификувал потврди за дарување крв за да не оди на работа

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавениот, вработен во Одделот за …

Continue Reading

На Табановце уапсен Црногорец: возел со 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч

Вчера во 14:25 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 34-годишниот М.Н. од Црна Гора, откако при проверка на патничко возило „бмв“ со црногорски национални ознаки, кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување …

Continue Reading

МВР со детали за случајот со наводниот напад на млади лица од страна на полицајци

МВР поднесе кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” во врска со настанот што се случи на 7 октомври, а во кој наводно полицајци брутално претепале две млади лица. По објавите дека на 7 октомври на подрачјето …

Continue Reading

Акција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци, пријава против 20-годишник од Тетовско

Како резултат на координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Е.А. (20) од Голема Речица, тетовско, …

Continue Reading