(Фото) Дрога, дигитална вага и пари пронајдени при претрес во неготинско, приведен 60-годишник
Полицијата пронашла дрога, пари и предмети поврзани со нивна употреба при претрес на дом во неготинското село Војшанци. Лишен од слобода е 60-годишен маж со престој во селото. Претресот бил извршен на 16 октомври со судска наредба од Основниот суд во Кавадарци. Полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, бела прашкаста материја, семки, дигитална вага, дробилка, пари и други предмети. Мажот …
Continue Reading
Двајца 14-годишници тешко повредени во судир на мотоцикл и трактор во Муртино
Двајца 14-годишници се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и трактор што се случила вчера напладне во струмичкото село Муртино. Несреќата се случила на 16 октомври во 12:30 часот, кога се судриле трактор „ИМТ 533“, управуван од 57-годишен жител на Муртино, и мотоцикл без регистарски таблички, кој го управувал 14-годишник од селото Банско. На мотоциклот се …
Continue Reading
Тетовец ѝ побарал пари на мајка си, па откако му дала, побарал уште и фрлил предмет кон неа – приведен е
36-годишен тетовец бил приведен откако неговата 62-годишна мајка пријавила дека станал агресивен откако му дала пари и побарал уште. Според информациите од МВР, инцидентот се случил денеска, околу 1 часот по полноќ. Жената пријавила дека синот ѝ побарал пари, а откако ги добил, станал агресивен и побарал дополнителна сума, при што фрлил тврд предмет кон неа. Полициски службеници од Полициската …
Continue Reading
Двајца мажи приведени во Куманово при обид да украдат производи од продавница
Двајца мажи биле приведени во Куманово откако биле затекнати во продажен објект при обид да одземат производи, соопшти МВР. Случајот се случил вчера околу 18:40 часот, во продавница на булеварот „Октомвриска револуција“. „Полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ш.( 52) од Скопје и А.А. (51) од село Страчинци, скопско“, велат од полицијата и додаваат дека по целосното …
Continue Reading
Повеќе случаи на семејно насилство: син го нападнал татка си, жена сопругот со остар предмет
Полицијата регистрирала три случаи на семејно насилство и закани во Битола, Велес и Штип, при што три лица биле лишени од слобода. Во Битола, вчера во 20:35 часот, полициски службеници уапсиле 45-годишен маж со иницијали А.Х., бидејќи во семејниот дом физички го нападнал својот 74-годишен татко. Во Велес, пак, денеска во 2:20 часот по полноќ била уапсена 63-годишната М.Т., по …
Continue Reading
Малолетник нападнат од група врсници во училишен двор во Скопје, нападот снимен и објавен на социјалните мрежи
Малолетник бил физички нападнат од неколку малолетници во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, а нападот бил снимен со мобилен телефон и објавен на социјална мрежа. Случајот бил пријавен вчера, а нападот се случил на 9 октомври, во доцните вечерни часови. Според пријавата, малолетникот бил нападнат од неколку врсници, од кои еден му бил познат, …
Continue Reading
Маж од Кичево реновирал покрив на куќа и пронашол мина од Втората светска војна
Четириесет и шестгодишен маж од Кичево пронашол експлозивна направа додека извршувал градежни работи на покривот на семејна куќа. Во полицискиот билтен стои дека А.С. (46) ја пронашол направата во таванскиот простор при изведување градежни активности на покривната конструкција. На местото интервенирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал експлозивната направа и утврдил дека станува збор за …
Continue Reading
Тешко повредена 62-годишна скопјанка, во неа удрил мотоциклист на крстосница
Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил мотоциклист на крстосница во Скопје. Несреќата се случила вчера, 15 октомври, околу 9:10 часот, на крстосницата на улиците „Кирил и Методиј“ и „Народен фронт“. Триесет и шестгодишниот С.С. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, удрил во пешачката Л.В. (62), исто така од Скопје, според информациите од МВР. …
Continue Reading
Мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци пронајде дрога и уапси 20-годишник
Вчера во 23:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го лишија од слобода 20-годишниот С.Ј. од Кавадарци, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading